Јас ловев минатата недела на француско лепче и фанав некое кило, кило и пол риба, имаше некој костреж и некоја црвеноперка и нормално неговото величество америчкиот сом, али добри прачиња, по 300-400 грама парче. Е сега со оглед на тоа што сум тазе рибар и сум бил на риба 6-7 пати и тоа сам, и се што знам е што сум научил сам и од форумов, добро поминав. За припрема го послушав советот на ljupce (неколку поста погоре) со тоа што наместо во крпа го ставив во папирни убриси. А за местење нема ништо полесно, буквално лебот е како партал, еластичен што не се кине. Неколку риби дури и после вадењето на јадицата лебот се уште стоеше на јадицата.
Ке пробам баш деновиве во домашен пекач да направам сам ако можам бидејки самиот пекач кога го купив добив и книга со рецепти и во неа имаше неколку вида на франциски леп како се прави, па може некое и ке успее. Не дека и да го купам е скап ама некако по кеф ми е сам да си го направам. Па ке пишам тука резултати што сум добил.
Иначе за сите тие риби што ги уловив дали потрошив 1/4 од лепчето, другото го флрив на крај, не верувам дека ке може пак да се употреби.
Не си требал да го фрлаш, само остави го на суво место или сонце да се осуши и пак ќе го употребиш. Се разбира, следен пат пресечи од лебот приближно доволна количина за употреба.
Моето најдобро искуство со овој леб , е производ на некоја босанска компанија.