www.ribar.com.mk
http://ribar.mk/forum/

Викенд 04-05.06.2011
http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=19&t=568
Страна 13

АвторCOLON  Филип [Пет Jун 03, 2011 2:23 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Викенд 04-05.06.2011

Замре овој дел од форумов, сите некаде одат, па отпосле дознаваме. Ај да споделиме некое инфо за викендов :)

Последна информација од улив на Козјак (пред 1 час) е дека Треска е кал, а на езеро се вадел караш.

Се мислевме да одиме таму, ама еден пријател мештанин што има рибник таму ни рече да не одиме џабе, и времето не чинело и Треска била многу матна. Ако некој има поинаква информација, нека ја сподели :)

Во случај да не одиме таму, ќе отидам до Пчиња - не сум бил од зимата таму, била чакрлија, ама вреди да се проба :)

АвторCOLON  DEAN [Пет Jун 03, 2011 2:27 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Викенд 04-05.06.2011

Го делам мислењето со филип дека овој викенд ќе биде лош избор за на треска,а и прогнозата не е ко шо треба!!
Можеби би требало да се види и нивото на Вардар како е па да се проба на Уланци.

АвторCOLON  Баџо [Пет Jун 03, 2011 2:50 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Викенд 04-05.06.2011

Јас сабота стартувам за прв пат на Сом на Стрежево.Ќе ја биде севте како што ми гледа работата оти температурата на водата е покачена, а згора најавуваат и невреме па мислам дека ќе има слики за гледање....

АвторCOLON  kire [Пет Jун 03, 2011 3:12 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Викенд 04-05.06.2011

Јас утре ке правам севте годинава на Козјак на езеро,и тоа по новиот пат, ке бидам на ливадите околу Здуње,не сум бил порано таму па ке ги пратам другите каде одат таму и јас со екипата.Се фалат дека добро ваделе на тој дел.Времето ке било лошо па ке видиме што ке испадне. :)

АвторCOLON  DEAN [Пет Jун 03, 2011 3:14 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Викенд 04-05.06.2011

Ти кажав Кире, загарантиран караш имаш таму само најди си дебели црни црви!!

АвторCOLON  stefci [Пет Jун 03, 2011 3:23 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Викенд 04-05.06.2011

За во недела планираме да идеме до Велешко, па ако некој има информација да сподели за активноста на рибата... а тоа и не е толку важно и да не јаде ќе бидеме во природа и доволно е...
ама ситуацијава со дозволиве, ќе имаме ли некој проблем ако отидеме?... избори се во недела па ваљда нема да има алфи да не бркаат нас од езеро, :) а чувари нема заради немање на концесии, пааа...
А Велешко го избравме заради избориве да си се вратиме на време да си гласаме, да не идеме негде далеку од Скопје ;)

АвторCOLON  kire [Пет Jун 03, 2011 3:25 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Викенд 04-05.06.2011

DEAN НапишиCOLON
Ти кажав Кире, загарантиран караш имаш таму само најди си дебели црни црви!!
Наоружани сме до заби,со разни мамци и тракатанци,ама времево :twisted:

АвторCOLON  DEAN [Пет Jун 03, 2011 3:31 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Викенд 04-05.06.2011

ВРЕМЕТО Е ОК ЗА НА ЕЗЕРО НЕ Е ПРОБЛЕМ, НАПРОТИВ ОВИЕ ПРОМЕНИ НА ПРИТИСОЦИТЕ ЈА ПРАВАТ ПОАКТИВНА РИБАТА ,ПРОБЛЕМОТ Е ЗА НА РЕКА ЗАТОА ШТО МНОГУ ЛЕСНО ДОЖДОВИТЕ ЈА МАТАТ ВОДАТА И АУТОМАТСКИ СТЕ ГО ЈАДЕЛЕ. :( :( :cry: :cry: :cry:

АвторCOLON  Филип [Пет Jун 03, 2011 3:40 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Викенд 04-05.06.2011

Кире, тука имаш фотки од делот кај мостот, пред да се наполни езерото, види си го теренот каков е, таму можеш и со дубинка да фрлаш пошо е чисто ;)

АвторCOLON  kire [Пет Jун 03, 2011 3:43 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Викенд 04-05.06.2011

Филип,ова е исто како да сум го пребарал теренот со сонар :lol: Фалати другар

Страна 13 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/