www.ribar.com.mk
http://ribar.mk/forum/

Викенд 15-16.01.2011
http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=19&t=171
Страна 12

АвторCOLON  Филип [Пет Јан 14, 2011 12:42 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Викенд 15-16.01.2011

Пак ќутите за утре/задутре а? :)

АвторCOLON  jontra_man [Пет Јан 14, 2011 12:53 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Викенд 15-16.01.2011

Јас идам на црна кај уливот. Ако ништо друго со попадичиња ќе се израдувам. :lol:

АвторCOLON  Филип [Пет Јан 14, 2011 1:39 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Викенд 15-16.01.2011

Има ли некој расположен за Струмица, да го посетиме рекичето со бојник, да го видиме Полизовски, да тргнеме по една и евентуално да фатиме некое рипче? :)

Џонтра, ти си за Струмица? Боље бојник него попадика :)

АвторCOLON  Boris [Пет Јан 14, 2011 1:46 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Викенд 15-16.01.2011

Јас и Филип сме скоро до договор за утре за накај Струмица, ајде уште некој па да собереме една форум екипа. На Црна јадело на едно место само и таму било газ преку глава рибари, башка едно е попадика, друго е бојник ;)

АвторCOLON  jontra_man [Пет Јан 14, 2011 6:06 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Викенд 15-16.01.2011

Би сакал и јас да дојдам ама веќе падна договорот. Како што гледам рекичево во Струмица ќе стане главна рибарска дестинација :P , доколку мрежарите остават нешто за ловење :?. Сепак, бистро и чекам убава репортажа.

АвторCOLON  Boris [Пет Јан 14, 2011 7:27 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Викенд 15-16.01.2011

Ние сепак ќе одиме во Недела, па останува отворена понудата за сите

АвторCOLON  Poliz [Пет Јан 14, 2011 9:52 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Викенд 15-16.01.2011

Бојникот ќе се повлече во Бугарија ако чуе оти доаѓате :o :o :o
Ќе нема после ни за нас :cry:
Шо се договоривте :D :D :D идете ли?

АвторCOLON  kompir99 [Нед Јан 16, 2011 1:00 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Викенд 15-16.01.2011

jas sum sabajle vo Katlanovo,koga ke se vratam ke se pozalam ili pofalam.... :lol:

АвторCOLON  Boris [Нед Јан 16, 2011 7:58 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Викенд 15-16.01.2011

Ние не отидовме во Струмица, затоа што Полиз најави дека ќе се повлечел бојникот накај Бугарија кога ќе не видел :lol: , не шала на страна, некако испаднавме сите со работа, така што некоја следна прилика.

АвторCOLON  jontra_man [Нед Јан 16, 2011 9:11 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Викенд 15-16.01.2011

Јас слабо поминав на Црна. Немаше ништо од крупната Попадика. Цел ден дуваше силен ветер и сите (околу 30-тина) рибари се занимаваа со повремени удари на ситна плашка, иако имавме удари од 2 клена, 1 кркушка и еден бојник во минијатурни изданија. Се на се убаво поминат ден со проветрен памет на промаја :lol: кој не заслужува репортажа и слики од уловот кој го вративме.

Страна 12 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/