www.ribar.com.mk
http://ribar.mk/forum/

Викенд 18-19. 12. 2010
http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=19&t=143
Страна 55

АвторCOLON  kire [Пон Дек 20, 2010 8:29 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Викенд 18-19. 12. 2010

Филип НапишиCOLON
Ќе се видиме сабајле, ама немојте по мене со камења ако поминеме исто добро како прошлиот викенд :)

Едит:

А за црви, следниот пат во Кисела Вода, кај Чешма.

[ img ]

Барем за црви во овој период од годината немора да не колат, или да бидам по прцизен да ве колат, мислам за цената а пред се на количината.Ке си појдете на црв пазар кај полигонот под Кале.И тоа вторник, петок и сабота,моја препорака е петок,за 100ден добиваш полно големо канче од кисело млеко само црв.Во овој период од годината на ладно немаат гајле и живеат долго. :D

АвторCOLON  Филип [Пон Дек 20, 2010 9:02 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Викенд 18-19. 12. 2010

kire НапишиCOLON

...или да бидам по прецизен да ве колат...
Шо, ти дома си одгледуваш? :)

АвторCOLON  kire [Пон Дек 20, 2010 9:06 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Викенд 18-19. 12. 2010

Филип НапишиCOLON
kire НапишиCOLON

...или да бидам по прецизен да ве колат...
Шо, ти дома си одгледуваш? :)
Ма не,само ги ставам во поголема пластична кутија и тоа е тоа.

АвторCOLON  kire [Пон Дек 20, 2010 9:08 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Викенд 18-19. 12. 2010

kire НапишиCOLON
Филип НапишиCOLON
kire НапишиCOLON

...или да бидам по прецизен да ве колат...
Шо, ти дома си одгледуваш? :)
Ма не,само ги ставам во поголема пластична кутија и тоа е тоа.
Туку кажувај беше ли негде,како помина,јас небев нигде овој викенд па ме интересира каква е ситуацијата дали нешто се сменило од минатиот пат

АвторCOLON  Филип [Пон Дек 20, 2010 10:30 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Викенд 18-19. 12. 2010

kire НапишиCOLON
Туку кажувај беше ли негде,како помина,јас небев нигде овој викенд па ме интересира каква е ситуацијата дали нешто се сменило од минатиот пат
Бев во твојот крај ;) Водата не беше матна, сепарациите горе не работеа, условите одлични, ама ништо не е сменето од минатиот пат :)
Дури и се зезневме на угорницата после “тунелчето“, и јас и Кременадла повеќе одевме во рикверц отколку нагоре :)

Среќа што можеше да се заобиколи долната рампа во сепарацијата, па не мораше да се кршат катанци :)

И среќа што направиле нов “пат“ со булдожер преку нивите до Катланово, бидејќи стариот е однесен од Пчиња и има гооолема дупка и откорнати дрвја :) (замерка до Филип што не ми фрлил гравчиња за полесно да го најдам патот)

Се на се, патешествие :)

Реката убавини ;)
[ img ]

Филип - Кременадла, се откажа по пола саат, без Борис - Администратор не му идело добро ;)
[ img ]

“Моето место“
[ img ]

АвторCOLON  Zlatko [Пон Дек 20, 2010 12:40 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Викенд 18-19. 12. 2010

stvarno ubava bila vodata, samo da ja gledas.......

ama bez nikakov udar nema kompletna slika.....a sega ako nema , koga ???

АвторCOLON  Филип [Пон Дек 20, 2010 1:09 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Викенд 18-19. 12. 2010

Удари немаше, ама затоа другар ми - сипчето, се изнајаде трошки од леб и цело сабајле ми правеше друштво со песна :)

[ img ]

АвторCOLON  Boris [Пон Дек 20, 2010 1:50 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Викенд 18-19. 12. 2010

Каде сте тргнале без администратор бе, алооооо !
Тука ред има и рибите требаат да прашаат пред да удрат :D
Шала на страна, и јас се двоумев дали да дојдам, ама на крај ми искочи работа и ништо, ама и така не ми се идеше на никаквово време.

А дека Кременадла и Владимир се откажале после пола сат, искрено не ми се верува, обично се поупорни, а може забегале и на друга локација. Ај ќе си кажат ваљда

АвторCOLON  kire [Пон Дек 20, 2010 1:55 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Викенд 18-19. 12. 2010

Филип НапишиCOLON
Удари немаше, ама затоа другар ми - сипчето, се изнајаде трошки од леб и цело сабајле ми правеше друштво со песна :)

[ img ]

Стварно водата била супер,колку што можам да видам сте ловеле карши каменоломот кај Дримкол,дали рипаше риба,дали даде знак.За назад ако загусти кај тунелчето или неможе покрај река има уште еден пат,влегуваш во село Бадар па десно накај рибникот и само право ке искочиш во Тотинци па десно и право во Катланово.Патот е тампониран а мислам дека треба на пролет и да го асфалтираат. :mrgreen:

АвторCOLON  Филип [Пон Дек 20, 2010 2:24 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Викенд 18-19. 12. 2010

www.ribar.com.mk НапишиCOLON
Каде сте тргнале без администратор бе, алооооо !
Тука ред има и рибите требаат да прашаат пред да удрат :D
Шала на страна, и јас се двоумев дали да дојдам, ама на крај ми искочи работа и ништо, ама и така не ми се идеше на никаквово време.

А дека Кременадла и Владимир се откажале после пола сат, искрено не ми се верува, обично се поупорни, а може забегале и на друга локација. Ај ќе си кажат ваљда
Се откажаа од Бадар, отидоа за Горно Коњаре, ама колку што имам инфо, само ги пробањале трските.

А кај Бадар бојниците се изнаскокаа, ама пошо не ти видоа тебе на обала, си отидоа..

Страна 55 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/