Воопшто не ми значи ако некој ми каже каде јади. Никогаш, ама НИКОГАШ не се раководам по тоа дали Трајко, Петко поминале добро на Козјак или Јанко, Станко на Треска, одам и си проверувам сам. Е сега, мене многу битна односно можеби најбитна работа ми е да ги знам добро местата на кои ловам, да го знам дното, длабина при толкав водостој, корен, дрво, карпа и тн. Тоа ми е битно и на река и на езеро, од проста причина што сакам риболовот да го поминам во уживање, а не во нервози и кинење на конци и предвези цел еб*н ден. Значи кога ловам на Треска и Козјак (каде најчесто и ловам) се раководам според водостојот и местата кои ги знам и се адеккватни (длабина, бистрина, тек на река итн.) за тој водостој, а тоа дали некој пред мене фаќал на бел црв и фатил две кила, а тој до него на црн фатил три кила тоа не го земам здраво за готово. На крајот на краиштата за тоа и одам, за да проверам на што и како и кога и колку јаде, нели ?
Поздрав