Дефинитивно не. Во некоја нормална држава да, може да има баланс. Но кај нас НЕ. Причините се веќе наброени, се лови во мрест, се лови со повеќе средства од дозволените, не се селектира уловот итн.
За Охридско најголема замерка ми е што ептен многу се зголеми дозволената годишна количина на излов на белвица, која по мене е единствениот ендем во Охридско езеро и многу повкусна риба од пастрмката. Исто така, во самиот почеток ја намалија дозволената големина од 30 на 22 см и ја ебаа работата со белвицата. Се некако си мислам дека уште малку ќе ја гледаме само во Природно-научниот музеј во Скопје.
За Дојранско немам веќе зборови. Маме му се еба на езерото, дневно се вадат тони и тони риба. Колку и да има потенцијал, ако вадиш повеќе од што создава, кога тогаш ќе остане без риба. Доказ за тоа е се почестите утки на рекреативците, кои поминуваат слабо во периоди кога порано се вадело многу повеќе риба.
За Преспанско можеби се уште има надеж, колку што знам концесионерот на годишно ниво не ги достигнува дозволените количини на излов, риба има се уште многу, а рибокрадците се ептен проретчени. Фала богу што има многу тревишта каде што се крие крапот
За Дебарско немам многу инфо, знам само дека се помалку луѓе ловат таму бидејќи многу е намален рибниот фонд. Што значи дека и тоа езеро не е за стопански риболов.
Тиквешко... Со стариот концесионер кој ловеше риба со струја, продаваше “дозволи“ за мрежарење и што уште не, нема што повеќе да се каже. Се надевам еден ден ќе му дојде крај.