www.ribar.com.mk
http://ribar.mk/forum/

БЕРОВСКО ЕЗЕРО
http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=17&t=172
Страна 1010

АвторCOLON  Boris [Сре Јан 22, 2014 2:58 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: БЕРОВСКО ЕЗЕРО

Тие што не знаат би било попаметно да не лупаат глупости, затоа што со лупање глупости не му помагате на колегата кој прашал. Костреж на Беровско има и посебно е намножен во последните години, неговото размножување е посебно евидентно, би рекол и алармантно, затоа што ја прави партали другата риба (подмладокот).

АвторCOLON  Филип [Вто Јан 28, 2014 11:34 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: БЕРОВСКО ЕЗЕРО

Замислете...

Прекинато испуштањето вода од Беровското езеро

На иницијатива на градоначалникот на Берово Драги Наџински прекинато е испуштањето на вода од Беровско езеро за хидроцентралата.
На ваквата одлука и претходеше вонредна седница на Одборот на водокорисници на Беровско езеро на која е констатирано дека нивото на водата е на биолошкиот минимум. Надлежните органи будно ќе продолжат со следењето на хидролошката состојба и на водостојот на хидроакумулацијата со цел да не се наруши снабдувањето со вода за пиење на градот, туристичкиот комплекс и повеќе села во Малешевијата. Повторно користење на водите од Беровско езеро за работа на хидроцентралата ќе се дозволи кога порастот на нивото на водата ќе го овозможи тоа.

АвторCOLON  bato [Пон Дек 29, 2014 12:52 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: БЕРОВСКО ЕЗЕРО

Да ја живнам малце темава,

На мисла сум да појдам со семејството до Берово на викенд после нова година.
Сакам да направам една спин тура едно утро.
Каква е ситуацијата, препорачани мамци за клен, препоставувам кашики да се форсираат?
Има некој контакт од концесионерите таму за дозволи и слично?

АвторCOLON  Dimitar [Пон Дек 29, 2014 3:40 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: БЕРОВСКО ЕЗЕРО

bato НапишиCOLON
Да ја живнам малце темава,

На мисла сум да појдам со семејството до Берово на викенд после нова година.
Сакам да направам една спин тура едно утро.
Каква е ситуацијата, препорачани мамци за клен, препоставувам кашики да се форсираат?
Има некој контакт од концесионерите таму за дозволи и слично?
Ако не е замрзнато подобро пробај да ловиш костреж.Се пофалил некој кај нас во риболовната продавница дека на црн црв фаќеле кострежи и до пола кило,па би требало и на спин да покаже нешто..

АвторCOLON  ljupce [Пон Сеп 07, 2015 1:04 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: БЕРОВСКО ЕЗЕРО

Некој кој е бил на езерово деновиве? Планирам утре таму да го поминам празникот, па да фрлам 2-3 пати... :) ...

Страна 1010 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/