www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Сре Jун 26, 2024 9:03 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS4041424344ELLIPSIS47»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ПРЕСПАНСКО ЕЗЕРО
ТемаИспратеноCOLONПет Oкт 30, 2015 9:20 pm 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Ное 13, 2010 9:30 am
МислењаCOLON9475
Prespanskiot neudira taka ledno, pa si go spremaat ezeroto za sekerac liga raneto so peleti :lollol:

_________________
Rodjen da peca,Nateran da radi


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ПРЕСПАНСКО ЕЗЕРО
ТемаИспратеноCOLONПет Oкт 30, 2015 9:51 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Феб 08, 2011 10:44 pm
МислењаCOLON4404
Boris НапишиCOLON
:) :) :) “Оваа нанесена штета на екоситемот на Преспанско езеро сега ни господ не може да ја исправи.“
Овие што порибувале нанеле штета...а тоа локалците што со вили ги бодат во мрест и цели трактори изнесуваат и полнат замрзнивачи до 7-колено и цел комшилук се арните :cray: оф мори мајко до каде стигна светов
Aaaa ovdeka nekoj dlaboko se napikal pa i da saka da vidi nemoze ili nesaka. :head_bang:
Toa sto nekoj vrsi krivolov e predmet za diskusija vo nekoj drug tekst sto verojatno e objaven porano.
Ovdeka drug problem e vo prasanje i pisi sto mislis na taa tema,dali nekoja naucna ustanova na celo so znaeme koj i podrzana od MRF isto na celo znaeme od koj se bavi so nesto sto krsi pravni i moralni nacela,a od toa nekoj nekoj debelo profitira.

_________________
https://www.facebook.com/Detektivski-Bezbednosen-Servis-Udjata-1501192640209658/?fref=ts


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ПРЕСПАНСКО ЕЗЕРО
ТемаИспратеноCOLONПет Oкт 30, 2015 10:22 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
Прво насловот Алармантно - Геноцид употребено во текст за порибување во старт ми звучи тенденциозно, да беше излеана некоја хемикалија и испоцркаа тони риба ќе беше до некаде реален насловот, ама вака за порибување да ставиш таков наслов смешно е.

Второ во текстот има многу напади, ама за чудо нема кој е автор, по што се поставува прашањето колку е сериозен текстов кој, зошто и со кои аргументи напаѓа, на што ги поткрепува нападите. Ако на порибувањето присуствувал концесионерот, инспектор и некој од МРФ по редот на нешатата би требало да биде се регуларно, ако е поинаку треба да се каже и докаже што е незаконското.

Се спомнува некаков автохтон преспански крап...јас како што сум запознат и во претходни години се порибувало на Преспа, а не сум чул дека има некој автохтон и лиценциран рибник за автохтон преспански крап, ниту пак вештачки мрест на преспански крап...можеби грешам или не сум запознат. Ако сум во право тогаш и порано се порибувало со неавтохтонен. Каков бил овој крап што се пуштил појма неам, но ниту сум експерт, ниту инспектор да имам аргументи и да завземам страна.

Иначе во однос на автохтоноста не е само Преспанско, крапот го има во куп езера и реки низ Македонија, афтохтони ли се тие крапови ? Какви и да се ги има и добро е што ги порибиле, лошо е што прават плескавици и чорба од икрата и што ги таманат со мрежи, вили и што ли уште не..

Во однос на рибниците и порибувањата секогаш сум се залагал да се либерализира домашниот пазар, да се зголемат лиценцираните рибници за порибување, да се зголемат врстите на риби со кои се порибува и конечно да падне цената на порибителниот материјал и ова сум му го кажал и во лице и на секаков друг начин на човекот на кој целиш ....


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ПРЕСПАНСКО ЕЗЕРО
ТемаИспратеноCOLONПет Oкт 30, 2015 10:52 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Феб 08, 2011 10:44 pm
МислењаCOLON4404
:thumbs_up:

_________________
https://www.facebook.com/Detektivski-Bezbednosen-Servis-Udjata-1501192640209658/?fref=ts


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ПРЕСПАНСКО ЕЗЕРО
ТемаИспратеноCOLONПет Oкт 30, 2015 11:26 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Дек 09, 2011 2:36 am
МислењаCOLON2536
ЛокацијаCOLONСтруга
Boris НапишиCOLON
Се спомнува некаков автохтон преспански крап...јас како што сум запознат и во претходни години се порибувало на Преспа, а не сум чул дека има некој автохтон и лиценциран рибник за автохтон преспански крап, ниту пак вештачки мрест на преспански крап...можеби грешам или не сум запознат. Ако сум во право тогаш и порано се порибувало со неавтохтонен. Каков бил овој крап што се пуштил појма неам, но ниту сум експерт, ниту инспектор да имам аргументи и да завземам страна.
Во риболовната основа за Преспанско езеро за период 2011-2016 година го пишува следново:
ЦитатCOLON
9. Програма за порибување
9.1. Количина и видови на риби по видови и возрасни категории одредени врз
основа на биолошкиот потенцијал за секоја риболовна вода за период од 6 години со
динамика на годишно ниво
Во периодот 2011-2016 година потребно е порибување со 1.500.000 единки подмладок
од автохтонен крап на годишно ниво или вкупно 9.000.000 единки.
9.2. Период на порибување за поедина риболовна вода со одредени видови
риби
Порибувањето на Преспанското Езеро ќе се врши со подмладок од автохтон крап во
периодот од август-септември со тежина од 5-10 г.
Изработувач на оваа риболовна основа мислам дека е Хидробиолошки Завод - Охрид, односно научна институција, која предвидела пориување со автохтон крап.

Во предлог риболовната основа за Преспанско езеро за период 2017-2023 година го пишува следново:
ЦитатCOLON
9.1. Количина и видови на риби по видови и возрасни категории одредени врз основа на биолошкиот потенцијал за секоја риболовна вода за период од 6 години со динамика на годишно ниво
Порибувањето на риболовното подрачје Преспанско Езеро се изведува со подмладок добиен во тековната година од автохтон крап со изведување на вештачки мрест на матици кои потекнуваат од Езерото со маса на единките подмладокот од 100-150 грама, во количини од 3000 кг за секоја година.

9.2. Период на порибување за поедина риболовна вода со одредени видови риби
Преспанското Езеро треба да се порибува во периодот октомври-ноември со цел да се избегне уловот на порибителниот материјал.
Оваа риболовна основа ја предлага Институт за сточарство - Скопје, исто така научна институција, која повторно предлага порибување со автохтон крап.

Еве кој се е потпишан на риболовните основи како изработувач:
Координатор:
Проф. д-р Васил Костов – Институт за сточарство - Скопје

Изведувачи:
Проф. д-р Родне Настова – Институт за сточарство Скопје
Проф. д-р Трајче Талески – Хидробиолошки Завод - Охрид
Проф. д-р Никола Панов – Природно-математички факултет - Скопје
Проф д-р Раде Русевски – Факултет за земјоделски науки и храна - Скопје
Доцент д-р Милица Ристовска - Природно-математички факултет – Скопје
Доцент д-р Валентина Славевска – Стаменковиќ – Природно - математички факултет Скопје
Доцент д-р Катерина Ребок - Природно - математички факултет Скопје
М-р Душица Боева Илиќ – Хидробиолошки Завод – Охрид
М-р Зоран Спирковски – Хидробиолошки Завод - Охрид
Димче Мајковски - Македонска Риболовна Федерација
Миодраг Пешиќ - Македонска Риболовна Федерација

Ако сите овие: проф. д-р, доцент д-р, м-р ..... велат дека има автохтон крап, и ако сите тие ја убедиле државата дека постои автохтон крап, и ако државата платила пари за тој автохтон карп да се размножува и да се порибува ..... па зошто тогаш се порибува со крап кој не е автохтон?
Ако нема мрестилиште за автохтон крап, зошто повторно се провлекува истата приказна во новите риболовни основи? Или се нашол некој модус за да се цица државата и сите кои плаќаат за порибување, а ние треба да аплаудираме затоа што ке ни препродаваат подмладок кој реално чини пола од цената, но со етикета автохтон цената му расте барем за 100%.
Со ова погоре мислам дека до некаде ти одговорив и на ова :
Boris НапишиCOLON
Во однос на рибниците и порибувањата секогаш сум се залагал да се либерализира домашниот пазар, да се зголемат лиценцираните рибници за порибување, да се зголемат врстите на риби со кои се порибува и конечно да падне цената на порибителниот материјал и ова сум му го кажал и во лице и на секаков друг начин на човекот на кој целиш ....
Како да се намали цената на порибителен матерјал кога етикетите автохтон/а се во рацете на 2-3 луѓе? Еве во случајов тие етикети се залепени на крапот од Неготино, па станал автохтон преспански крап, претпоставувам со некоја баснословна цена.
Па нели Институт за сточарство има мрестилиште за крап во Топлец, зошто таму не се размножува автохтон крап? Или повеќе пари остануваат со препродавање?

_________________
„Земјата не ни е дадена во наследство од нашите предци,
туку ни е позајмена да ја чуваме за идните поколенија“


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ПРЕСПАНСКО ЕЗЕРО
ТемаИспратеноCOLONПет Oкт 30, 2015 11:43 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Maр 19, 2011 11:55 am
МислењаCOLON1040
ЛокацијаCOLONBitola
Ах бре Емил,
,,секоја чест за твојот пост" долго време немам прочитано поконструктивна објава а инаку,
Неможе да се пориби со автохтон оти нема заработка со него,
Туку ср прашвам погоре оние напишани лица (некои и ,,угледни рибари") свесно ли учествуваат во ова?
Радован убаво пушал, можеби и на Сител ке објават
Чудесна Македонија :oops:


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ПРЕСПАНСКО ЕЗЕРО
ТемаИспратеноCOLONПет Oкт 30, 2015 11:46 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
Интересно побарав по некоја друга основа мислејќи дека секаде пишува афтохтон и богами не пишува секаде афтохтон

Калиманци
Во периодот за кој се носи основата се предвидува водите од рекреативна зона „акумулација Калиманци“ да бидат порибувани со благородни видови риби кои може да се набават од домашните репроцентри и тоа порибувањата да се вршат со: автохтона пастрмка, крап, јагула и друга бела риба (клен, мрена, и друго).

Мантово
Во периодот за кој се носи основата се предвидува водите од рекреативната зона да бидат порибувани со благородни видови риби кои може да се набават од домашните репроцентри и тоа порибувањата да се вршат со: крап, јагула и друга бела риба (клен, мрена, и друго).

Липково
Акумулација Липково во периодот за кој се однесува оваа риболовна основа треба да бидат порибувани исклучително со порибителен материјал од автохтона македонска пастрмка од регистрирани репроцентри, а добиен од матици кои се ловени и потекнуваат од тие води.

....А ако нема мрестилиште за афтохтон преспански интересно е зошто така го пишале и како и со која етикета некој неготински се прави да биде афтохтон :roll: , а уште поинетересно е ако државата го плаќа.....јас мислев ова порибување е на концесионерот .....Емил како тоа државата плаќа, ја како што знам државата плаќа таму каде што нема концесионер, а тука веќе има ? и колкава е таа цена на “афтохтониот“....? Сакаш да кажеш од буџет се плаќа, некој од поврзаниве го претставува неготинскиот како афтохтон, се дава пари како за таков и со тој се порибува ?


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ПРЕСПАНСКО ЕЗЕРО
ТемаИспратеноCOLONПет Oкт 30, 2015 11:49 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Jун 15, 2011 3:06 pm
МислењаCOLON1998
Ние останавме без крап во езерава од криволов, па сега кога се порибува било лошо, не бил автохтон.

Чудни сме ние Македонците, ама ако ни е, дигајте џева, ќе се нарушел екосистемот, флората, бла бла.

Велешко го убија сомчиња.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ПРЕСПАНСКО ЕЗЕРО
ТемаИспратеноCOLONПет Oкт 30, 2015 11:57 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Дек 09, 2011 2:36 am
МислењаCOLON2536
ЛокацијаCOLONСтруга
Еве овде некои информации :arrow:
http://mrf1952.mk/izvestuvanja/item/119 ... 1%82%D0%BE

На втората страна од „Програмата за финансиска поддршка во рибарството“ пишува дека оваа година некој од буџетот инкасирал 900 000 денари (околу 15 000 евра) за порибување на Преспанско езеро со автохтон крап.

_________________
„Земјата не ни е дадена во наследство од нашите предци,
туку ни е позајмена да ја чуваме за идните поколенија“


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ПРЕСПАНСКО ЕЗЕРО
ТемаИспратеноCOLONСаб Oкт 31, 2015 12:02 am 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
Интересно :) и не само за Преспанско, туку и за Дојранско, Дебарско и Тиквеш....мислам дека Филип треба да ја истражи оваа работа :lol:


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS4041424344ELLIPSIS47»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 3 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum