www.ribar.com.mk
http://ribar.mk/forum/

ОХРИДСКО ЕЗЕРО
http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=17&t=118
Страна 4132

АвторCOLON  Lepi [Пон Дек 20, 2010 10:20 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: ОХРИДСКО ЕЗЕРО

... здраво дечки ;) прекрасни деној не чекет оваа седмица, така да кој не е зафатен, слободно нека си прајт план кај ќе ојт на риби :D Кај нас веќе се стабилизира езерото така да можда ќе ојме на Кленко наш убав мил :mrgreen:

[ img ]
Вчерашно зајдисонце

[ img ]
Денеска

А инаку за информација, слушнав дека на дебарско го растурале скобалот на бел црв ... по вреќа на човек ваѓале ... колку е точно не знам ама ако имате некој познат таму прашајте и одговорот за следниот излет го знајте :mrgreen:

АвторCOLON  Lepi [Чет Дек 30, 2010 4:00 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: ОХРИДСКО ЕЗЕРО

... прекрасен ден за риболов на каналот „Студенчишта“ на Плашица ;)

[ img ]

[ img ]

... па сега навалете ак ви држит :mrgreen:

АвторCOLON  Lepi [Вто Јан 04, 2011 9:26 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: ОХРИДСКО ЕЗЕРО

... многу ладно денес, ама решив да пуштам нозе до каналон „Студенчишта“ зш таму и пингвини внесвест да паѓет ќе имат рибари :lol: Стварно дечки ќеф се прајт, убава крупна Плашица, каналот полн со риба, доста мајстори, дури еден како мене :mrgreen: на едно јадиче две Плашици :o И една снимка од бродчето кај шо големите мајстори на зима паузираат и се картаат :D

Се надевам дека репортаживе ќе ве натераат да не посетите во Охрид по прав пат, нит калој ниту дупки :mrgreen: и заедно уловот да го мезиме уз муабет и пијачка ;)


[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

АвторCOLON  Boris [Сре Јан 05, 2011 11:25 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: ОХРИДСКО ЕЗЕРО

Ova ti se vika ribarski boemi, mnogu ubavo Lepi, se gleda deka ima dlaboka tradicija na kanalov, a slikickive ubajni, zasluzuvaat i edna reportaza za na sajt.

АвторCOLON  FisherKing [Чет Јан 06, 2011 9:44 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: ОХРИДСКО ЕЗЕРО

koj не бил во зима треба да отиде на каналот во Охрид цел ден се вади риба, мене лично пред некоја година ми се случи да останам без црви бели и црни до 12 саат на пладне, лудило беше, и грунец и плашка, за жал лани и годинава апстинирам :cry:

АвторCOLON  Филип [Вто Феб 15, 2011 11:26 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: ОХРИДСКО ЕЗЕРО

Лепи одамна го нема...


Втор помор на риба во каналот Студенчишта во Охрид

Охрид, 15. февруари 2011 (ИНПРЕС)

За нецел месец во каналот Студенчишта втор помор на риба. И денеска мртви плашици лебдеа во водите на каналот.
Надлежните излегоа на терен да ги утврдат причините иако се уште не се знае зошто изумреа рибите и пред две недели. Смируваат дека се работело за недостаток на кислород во водата, а количините биле мали. Единствено се кревало голема паника од страна на медиумите кои често пренесувале погрешни информации во желбата да бидат ексклузивни.
- Природниот доток на вода е затворен и најверојатно е како последица на тоа, но не е страшно и не е некоја голема количина. Не се повеќе од 3 кила но и за толку мали количини излегуваме иако не се работи за 100, 200 или 1.000 кила, вели државниот ветеринарен инспектор, Проки Поп Стефанија.
И покрај забраната плашицата да се продава на градскиот пазар и денеска на тезгите се продаваше рибата спакувана во најлон-кеси. Инспекторот Поп Стефанија прошетал по пазарот но не ги видел. Пазарните и комуналните инспектори добро си ја вршеле работата единствено виновни биле новинарите кои според него само тие можеле да ја видат ваквата слика на пазарот.
- Се случуваше и покрај забраната понекогаш на пазар да се продаваат рипчиња но и тоа го забранив. Сега доаѓам од таму. Јас не видов луѓе кои продаваат, а дали биле од сабалје и дали после ќе продаваат, јас не можам да знам. Ако некој со најлонче застане тоа не значи дека е полн пазарот со плашици, вели Поп Стефанија.
Екипи на Центарот за јавно здравје и денеска излегоа на терен да земат примероци од водата за физичко-хемиска и микробиолошка анализа. Резултатите ќе биле готови за два дена по што ќе се знаело дали загадувањето на водата е причина за поморот.
- Првиот инцидент што се случи беше пред еден месец и беше повеќе кон западната страна од Каналот и тогаш зедовме примероци за анализа но резултатите покажаа дека водата немаше никакво загадување односно беше од прва категорија, вели Сашо Точко од Центарот за јавно здравје.
Инаку, охридската јавност веќе неколку пати реагираше на грдата слика кај каналот, купишта ѓубре и непријатната миризба.

АвторCOLON  Lepi [Чет Феб 17, 2011 5:18 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: ОХРИДСКО ЕЗЕРО

... абе све не требит да му вервиме на овие новиниве :twisted: Бев кај местото кај шо е снимено и кажано дека има помор на плашица и тоа шо е таму е секојдневна слика. Тоа не е помор од некоја хемикалија, или отров, и нешто слично и е чиста дезинформација на населението!!! На тоа место се збира плашицата и нема каде понатака да оди и „браќа“ со кепчиња секоја вечер ваѓаат по 100 до 200 кг риба. И во тоа ваѓање многу рипчиња умираат и така ги оставаат.

Тоа е Јавна Тајна во Охрид и не само тоа, туку и тоа дека секоја вечер штом се стемни други „браќа“ :mrgreen: почнуваат активност со мрежите на само 20 метри од Полициската станица. На сликава се гледа каде е полициската станица а фрлаат мрежи како што имам прикажано на сликава.

И што понатака да се дискутира. А за тоа дека имало помор, да има секој ден околу 100тина Плашици но не од некоја загаденост на водата туку од несовесноста на некои луѓе како постапуваат со рибата, за жал.

Поздрав од Охрид ;)

АвторCOLON  Филип [Чет Aпр 07, 2011 10:47 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: ОХРИДСКО ЕЗЕРО

Еден пријател гњурел во ОЕ, па меѓу другото, сликал и вретенушка :)

АвторCOLON  Lepi [Чет Aпр 07, 2011 4:51 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: ОХРИДСКО ЕЗЕРО

... морам да набавам и јас една камера за подвода, пошто често гњурам(не со боци, само со маска и дишник, но слегвам и до 15м под вода :D ), па да напрам и јас еден Колаж од разноразни снимки подвода ... прекрасни се сликиве ;)


за жал некој звонал на мобилниов и не ме снима кога излегов :cry:

АвторCOLON  laguna644 [Пон Aпр 18, 2011 8:30 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: ОХРИДСКО ЕЗЕРО

na kanalot studencista denes skopjaniscana pocnaja da vadet klencaci na pcenka pred moi oci serija od pet za deset minuti a ohriganive ne kazvet dek klenot se javljat........

Страна 4132 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/