Еве и од мене,
Најпрво, благодарам на честитките.
Второ, би сакал да бидам поактивен на форумот, меѓутоа јас се водам по староно - ако немаш што да кажеш - ќути си. Секогаш кога сум бил негде сум давал информации (најчесто за Бучинци, Смилковци, Арачиновските канали, итн), без да кријам локација, итн. Може да се види дека сум член на форумот од неговото создавање (2010) па навака. Администраторот (газдата
) знае дека имам пратено статија уште додека форумот не беше во план на изградба (статијата за риболовни ревири и дозволи 2010). Без разлика на тоа, уживам да читам што поискусните колеги имаат да пишат на одредени теми или искуства, ама страшно ме иритираат мерењата на кој колкав му е... И тоа не е битно. Јас можам да правам активност на форумот со само честитање на роденден на секој член на формов со што би дошол до топ 10 учесници на форумов!
Ама тоа не е фер.
Веќе месец дена на биро ми седат потпишани и заверни документите за пристап во риболовното друштво "Рибар 2011" ама зошто не сум ги поднел треба некој со скапана риба да ме удри по глава и пак не би знаел зошто. Уствари знам. Сите сме зафатени и немаме време да направиме некоја таква ситна работа ама може на риба да поминеме 100 саата.
Со Аки рибарот имам 2-3 збора разменето на фејсбук, и ако има некој човек од форум со кој што би сакал да отидам на риболов, тоа е он. И покрај тоа што најголема риба што ја имам во живот фатено е некое пола кило клен во Охридско, би отишол на риба со Аки само со следната опрема: кило ракија и 2 кила кобасици (крупен сум јебига
) чисто да уживам во добро риболовно друштво.
Муабетот за штука на 5 спрат ме воодушеви, и јас имам аквариум од 150 литра, па доколку сака некој 4 караси од по пола кило и ајкула од 25 сантима, доброволно ги мењам за подмладок од штука која би завршила во некое локално езерце!
За крај би сакал да изразам благодарност до сите Вас, членови на форумов, од кои што прочитав многу паметни работи, од кои стекнав знање, и од кои стекнав одредено мислење за секој од Вас. Во текот на наредниот период би сакал да искомуницирам со било кој рибар, да отидам на терен со некој од Вас, па макар и само да гледам и да учам...
Јас многу малку знам а многу сакам да научам. Имам кола, имам зелен картон, ми треба само добра воља и добро друштво па ако треба идеме во јужна Африка на риба, само изразете желба!