Тебе ти посакувам побрзо ..ОЗДРАВУВАЊЕ..
И убаво си го постави прашањето -ШТО КЕ БЕШЕ ДА БЕВ САМ-
Ете тоа е само една од причините зошто не би требало сам да се оди по риба , па дури и на некоја поблиска дестинација.
Во зависност од кои -реки или езера- има места што се навистина тешко достапни за риболов,но и покрај се може да се случи да не привлечат за риболов, поради вакви и слични причини не паметам да сум отишол сам по риба ,нека ова биде поука и апел за останатите колеги .
Во твоиот случај тоа било скршеница на ногата , но ако размислиме подобро има тука и други опасности поготово во летниот период .
Влечуги.. сите врсти на змии
Инсекти.. оси ,пчели ,стршлени ,шкорпии ,:arrow:
Долг престој на сонце -сончаница-
разни скршеници и исчашувања на зглобови како во твојиот случај
да не зборуваме за риболов од чамец ,грчеви во вода и др.
ова се дел од проблемите со кои може да се соочиме на вода
и поради овие причини треба да се оди по риба со барем уште еден или повеке колеги.
П.С.Васко овој пат се погодил во вистинско време на вистинско место.
Овие работи и опасности треба да ги имаме секогаш на ум.