A bojnik ako e e OK
За мене лично бојникот со мрената има голема разлика....пред се поради тоа што мрената ја има далеку помалку одколку бојникот, второ затоа што мрената расте и над 5 кила, трето затоа што бојникот полесно се мрести. Како и да е, како став све што е многу во килажа не е ОК, е сега и тука има простор за дебата голем
1. Дали разговараме за Македонија, или за друга земја ?
2. За кој тип на риба зборуваме ?
1.Дали разговараме за Македонија, или за друга земја ?
Кога зборуваме за Македонија, имаме ги имаме во предвид нашите сиромашни (по рибен фонд) услови и затоа некој луѓе се имаат изградено како промотори да секоја риба се врати во вода, поголемиот дел да се враќаат, да се селектира, дел да се враќа, дел не...... Да би биле условите поинакви можеби поинаку би разговарале. Добар пример Ви е репортажата на Илија од Лапонија, каде што укажа дека пастрмките кои ги фатиле било ЗАДОЛЖИТЕЛНО да ги земат, таква била наредбата од надлежните служби, дали поради инвазивност, дали поради нарушување на природниот и биолошки баланс во водата, дали поради неафтоктона риба. Патем во многу земји и крапот кој кај нас посебно е ценет, се смета за извесен штетник и задолжително е да се вади од вода.
2. За кој тип на риба зборуваме ?
Има риби кои се вистински штетници, кои јадат други риби во обем што другите врсти ги снемува, јадат многу икра и сл......дел од рибите се оплодуваат неколку пати во годината, се оплодуваат и со други врсти на риби, понатаму дел од рибите издржуваат и најсурови услови за живот и затоа ги има многуу, а дел од рибите не ги издржуваат тие услови, така што многу работи и навики на нас риболовците зависат од многу работи