www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Саб Ное 23, 2024 5:01 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 123»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON ЛОВЕЊЕ НА РИБИ ВО МРЕСТ ???
ТемаИспратеноCOLONВто Maј 08, 2012 10:01 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
Еве една интересна тема која се начна деновиве за која се дигна и малку прав на форумов и меѓудругите се префрлија и некои неубави (надвор од правилата) реплики за кои ќе следат соодветни опомени за авторите, но тоа не е поентата, поентата е следна.

Сите ние растеме, се развиваме и ги надградуваме риболовните принципи кои ги имаме. Форумот на http://www.ribar.com.mk во сите овие години наназад свесно или не има влијаено за многу работи. Тоа пред се се должи на многу чуствителни дебати кои сме ги имале по одредени прашања, кои според мене се потребни (секако се додека се културни и според правилата, без лично вреѓање) затоа што преку нив сите ние се градиме.

Ако постои дебата, значи постојат и ставови, ако постојат ставови, значи некој размислувал за тие ставови, ако некој размислува ДОБРО Е ! :) има многу луѓе-рибари надвор од нашиов форум кои не ни размислуваат, така што сајтов и форумов се светлосни години пред сите други форми на здружување на рибарите, затоа што нуди демократија, дебата, отварање теми, размислување и сето тоа соодветно си влијае на свеста кај сите нас.

Овој пат темата е ловење на риба во време на мрест !

Она што е сигурно е тоа што не постои рибар кој се родил безгрешен (рибарски) и кој во текот на својата рибарска кариера нема направено некоја помала, или поголема рибарска грешка. Но секој од нас може да се менува и понатаму да помага и другите кои не го следат форумов да се менуваат.

Мојот став за ова е следен.
Јас сум против ловење на риби кои се во мрест, затоа што преку тоа се прави огромна штета по потомството на рибите, а адекватно на тоа и штета по нашето задоволство и сум решен да не одам по риба и да ловам риби кои се мрестат, или евентуално ако фатам некоја при риболов на други врсти кои не се мрестат во моментот секоја да ја вратам што побрзо во вода. Оваа заложба сега сум решен цврсто да ја имплементирам, затоа што се фаќам себеси дека претходни години и не сум бил така чист.

Не ме интересира дали други ловат и зимаат, јас ќе си држам до ставот и ќе пробам да влиајаам на секој друг риболовец да го практикува истото!

Не ме интересира дали државата, институции, или концесионери добро си ја вршат работата, јас ќе си бидам чист пред себе и пред другите, инаку ако би чекал сите 100% да си ја вршат работата, сигурно би умрел чекајќи !

Не ме интересира дали се пуштало мрежи, струкови, сертмиња, вили, па да си речам, “па добро бе он ќе фати 200 кила во мрест, што ако ја фатам 3 кила“ НЕ, мрежи, струкови, сертмиња и вили, повеќе или помалку ќе има и во наредните 100 години, дали тоа значи дека ја и сите ние треба да ловиме во мрест ??? НЕ, треба да се бориме со сите сили против тие мрежи, струкови, сертмиња и вили, но треба да бидеме чисти и пред себе. Зашто 100-тина од нас да речат ќе ги вратиме овие 1000 риби кои ги фативме во мрест, тоа значи како да сме порибиле со 1.000.000.000 (милијарда рипчиња), е сега пресметајте колку пари би чинеле 1.000.000.000 рипчиња и од што све би треба да се откажеме да собереме доволно пари за да купиме и порибиме 1.000.000.000 рипчиња. А можеме само во овие 2 месеци да се откажеме од зимање на 10 риби по човек.....ефектот е горе доле сличен.


Е сега пред да навлеземе во конструктивна дискусија, да Ви предочам дека никој од нас не бил цвеќе за мирисање во минатото. Почнувам од себе, па со сите други екипи кои изминатата година ловеле риби кои се мрестат во периодот Мај – Јуни (зимам во предвид само една година). Патем има и многууууу други кои ловеле, ама не пуштале репортажи (си знаат они самите).

(и не се депримирајте, затоа што ние сме самовили, за разлика од некои други кои воопшто не знаат што е комуникација на форум, кои вакви дискусии не ни прават.......затоа едукацијата од овде треба да ја префрлиме и на терен кон нив.......ама прво да се погледнеме себеси во очи)

П.С почитувајте правила при дискусиите, постојат санкции

значи како што реков, почнувам од себе (иако не јадам риба, сум бил учесник во злосторот, сум ловел по некое парче и не сум го вратил, ВИНОВЕН СУМ, жалам и ќе гледам да не се повтори во иднина

Чекајќи го крапот на Козјак – почеток на јуни (Борис и екипата)
viewtopic.php?f=42&t=650

Treska 19-06-2011 - Компир и други 4-ца
viewtopic.php?f=42&t=640&start=10

КОЗЈАК ПРЕКРАСЕН РИБОЛОВ И ОДЛИЧНО ДРУЖЕЊЕ 04-05 ЈУНИ
Даре и екипа
viewtopic.php?f=42&t=592

ПЧИЊА 26.06.2011
Kire и екипа

viewtopic.php?f=42&t=669


lipkovo 15.06.2011god
filip030682
viewtopic.php?f=42&t=632

Козјак 12.06.2011 Crucial
viewtopic.php?f=42&t=607



Има ли пастрмка во езерово ? (Борис и екипата)Maј. 03, 2011
viewtopic.php?f=42&t=496


Eskurzija na Kozjak 06 juni ribarottt и екипата
viewtopic.php?f=42&t=585


KAPITALEN KLEN NA REKA TRESKA (3 VIDEO) – 02 јуни Akiribar и компанија
viewtopic.php?f=42&t=565

Козјак 04.06.2011 Kire I kompanija
viewtopic.php?f=42&t=578


Нова дружба на река+пробно видео Maј. 29, Poliz, ace maksim I tomce
viewtopic.php?f=42&t=549



СЕВТЕ ПРЕКУ ЈАСЕН ДО ТРЕСКА Dean I ekipata 30 maj

viewtopic.php?f=42&t=552

Река Треска влив Македонски Брод.28.05.2011 Kire I ekipata 29 maj
viewtopic.php?f=42&t=550

КОЗЈАК 1 ЈУНИ 2011 Zlatko I ekipata

viewtopic.php?f=42&t=563



pola den na REKA TRESKA-8kg. za 8saati POPADIKA 28.05.2011 akiribar I ekipata

viewtopic.php?f=42&t=548


Буцов-капиталец Maј. 21 poliz I ace maksim
viewtopic.php?f=42&t=535



REKA TRESKA-MAK.BROD 26 maj akiribar
viewtopic.php?f=42&t=542


PRVPAT NA RIBOLOV VO GRCIJA-REKA ANGITIS(SLIKI I VIDEO)
Akiribar I nekoja ekipa 08 maj
viewtopic.php?f=42&t=512


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ЛОВЕЊЕ НА РИБИ ВО МРЕСТ ???
ТемаИспратеноCOLONВто Maј 08, 2012 10:11 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Ное 18, 2010 10:28 pm
МислењаCOLON2806
ЛокацијаCOLONskopje
Samo mala ispravka vo temata:
Treska 19-06-2011 - Компир и други 4-ца
viewtopic.php?f=42&t=640&start=10

Nesum jas ucesnik vo ribolovot i vo videoto sto bese prezentirano i prikazano i kolku sto znam i mi e poznato popadikata togas ne bese vo mrest i vo zabrana na lovenje..

_________________
JA KAKO MAL IMAV MLECNI ZABI A SEGA IMAM 3 ST.CROIX......
DA ZIVEE SPINOT.................................................


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ЛОВЕЊЕ НА РИБИ ВО МРЕСТ ???
ТемаИспратеноCOLONВто Maј 08, 2012 10:15 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONНед Jул 10, 2011 1:06 pm
МислењаCOLON5485
Site imame zgraseno no imam i edno prasanje do pre edna god jas znaev deka na kozjak i na reka treska mrestot pocnuva od 15 april i zavrsuva na 15 maj.........

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ЛОВЕЊЕ НА РИБИ ВО МРЕСТ ???
ТемаИспратеноCOLONВто Maј 08, 2012 10:43 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONСре Феб 16, 2011 11:50 pm
МислењаCOLON305
Izlisno e site da zboruvame za minatoto i da barame opravduvanje.Potpolno se slagam so Boris, a i site sto se vklucile vo temava, se za istoto.Morame da zapocneme site od sebe prvo da napravime nekoja svest ,pa posle da solime pamet na drugite kako treba da se odnesuva,zosto PRIRODATA- TOA SME SITE NIE.
BORIS BRAVO ZA OVA.
RESPEKT


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ЛОВЕЊЕ НА РИБИ ВО МРЕСТ ???
ТемаИспратеноCOLONВто Maј 08, 2012 11:38 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПет Maр 04, 2011 10:01 pm
МислењаCOLON2305
Hmmm....slicna debata otvoriv zimoska koga gi fakav pastrmkite na Treska.Malce se digna prasina i se se zatashka.Dobro sto se diskutira na ovaa tema.Naloso e ako nekoj si faka i ne kazuva voopsto pred forumov.

_________________
Podobro da si sam, otkolku da ne si so site


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ЛОВЕЊЕ НА РИБИ ВО МРЕСТ ???
ТемаИспратеноCOLONВто Maј 08, 2012 11:46 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Е, токму за ова зборував и јас кај репортажите. Одлично срочен текст. Сум грешел порано, ама го немало форумов, ги немало нашите заеднички цели и заложби. Сега е поинаку, и мислам дека сите треба да застанеме позади муабетов на Борис, и секој од нас да даде свој придонес со неловење и пуштање за време на мрестот.

Предлагам и да не објавуваме репортажи од риболов за време на мрест, а уште помалку од ревирите каде што концесиите треба да се доделат во наредниот период. Дури би отишол до таму да не споделуваме и информации за тие ревири, додека не се средат со “стопан“. Како што рече Спиро во една тема, веќе има ревири со концесии, зошто луѓето не одат да ловат таму, туку сите риболоват на ревирите без концесионер!?
Јас си платив годишна дозвола за реките каде што сакам да ловам годинава, кога ќе излезат концесиите за езерата ќе си платам и за езерото/а каде што сакам да ловам и ќе ми биде мирна душата.

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ЛОВЕЊЕ НА РИБИ ВО МРЕСТ ???
ТемаИспратеноCOLONСре Maј 09, 2012 12:32 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПон Ное 14, 2011 7:45 pm
МислењаCOLON3010
Просто е чим забрана не ја дирај рибата остави ја природно да си работи тоа што треба ништо нема да ни биде ако 1 месец не одиме по риба не гледам тука што е проблемот,а ни зошто ова воопшто се дискутира прво и нај основно во рибарството е да не ја чепкаш рибата кога е во мрест.

_________________
Anything in life worth doing is worth overdoing. Moderation is for cowards.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ЛОВЕЊЕ НА РИБИ ВО МРЕСТ ???
ТемаИспратеноCOLONСре Maј 09, 2012 12:35 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONВто Ное 30, 2010 3:15 am
МислењаCOLON1683
Moe mislenje e slednovo , go podrzuvam Ilija toa sto go kaza deka samo 10% ili 20 % od forumov stavaat reportazi i jas se osekam slobodno so site vas deka si se znaeme a primame i kritiki , tocno e toa zgresivme so klenovite no sto pravime so drugite 80% sto ja kornat ribata vo ovoj periot i namerno ne stavaat reportazi za da ne im se frlite na niv. Toa mi go potvrdija poveke lugje na FB i odete slobodno kozjak na vikend ako nema okolu 500 dusi sto lovat na mrest kaj sto sum najtanok.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ЛОВЕЊЕ НА РИБИ ВО МРЕСТ ???
ТемаИспратеноCOLONСре Maј 09, 2012 12:43 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПон Ное 14, 2011 7:45 pm
МислењаCOLON3010
Јас пред некој ден бев по риба не направив репортажа од проста причина што другарот ми се јави у 5 до 12 да идеме да се издуваме додуша не фатив многу риба,а таа што ја фатив не беше во забрана,a што спомна кирца другите сега што прават партали по река јас тие ги ставам во иста капа со мрежари уствари овие се бетер.

_________________
Anything in life worth doing is worth overdoing. Moderation is for cowards.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ЛОВЕЊЕ НА РИБИ ВО МРЕСТ ???
ТемаИспратеноCOLONСре Maј 09, 2012 7:45 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
kircask НапишиCOLON
Toa mi go potvrdija poveke lugje na FB i odete slobodno kozjak na vikend ako nema okolu 500 dusi sto lovat na mrest kaj sto sum najtanok.
Значи треба да заигра некоја контрола од инспекторат за викенд таму, да им пише на 100 луѓе по 200-300 евра казна, па нека одат пак.

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 123»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 6 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum