www.ribar.com.mk
http://ribar.mk/forum/

Како станав рибар ;)
http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=162&t=124
Страна 14

АвторCOLON  Филип [Вто Дек 07, 2010 9:40 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Како станав рибар ;)

Уште кога си бев малечок, ми “влегла“ чивијата и резултатите се познати... :D

Јас и татко ми, со кој до ден денес одам по риба, сликани на Дојранско езеро :)

[ img ]

АвторCOLON  Poliz [Вто Дек 07, 2010 9:44 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Како станав рибар ;)

Супер слика ;) јас меракот не го наследив од никој ;) па уште од мал се шлепав со комшии,колеги на татко ми....додека не ни купија точаци па со другарите не одевме каде ли не со точаците :D :D

АвторCOLON  meto [Пет Дек 10, 2010 12:09 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Како станав рибар ;)

Филип НапишиCOLON
Уште кога си бев малечок, ми “влегла“ чивијата и резултатите се познати... :D

Јас и татко ми, со кој до ден денес одам по риба, сликани на Дојранско езеро :)

[ img ]
bravo decko sekoja cest divam se na takvi sliki uste od najrano dedstvo decata da i go pokazeme vistinskiot pat

АвторCOLON  Boris [Сре Дек 15, 2010 11:25 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Како станав рибар ;)

Многу јака фотографија, колку кажува една фотка, цела историја има во нејзе.

АвторCOLON  Boris [Сре Дек 15, 2010 11:28 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Како станав рибар ;)

Кај мене заразата секако ми е од таткоми, ама дополнително и од тетин ми, кој беше најголемиот сомџија во Македонија.

Еве една слика која ја кажува целата приказна.

Јас сум доле десно

[ img ]

АвторCOLON  FisherKing [Чет Дек 16, 2010 6:09 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Како станав рибар ;)

Секоја чест за најголемиот сомџија во Македонија.
Мојата приказна почнува пред 25 год. сега имам 30, ,,кривец,, татко ми, место Градиште, Охрид. На крај од тој одмор заработив и менингитис и месец ипол во болница. Менингитисот се излечи ама ЧИВИЈАТА е толку зачукана што ми нема спас, дури и боли кога ке ја видам опремата што сум ја собрал.
[ img ]
[ img ]
се надевам дека ова типче ќе продолжи понатаму

АвторCOLON  kire [Пет Дек 17, 2010 8:56 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Како станав рибар ;)

И моите почетоци во риболовот се слични, на Дојранско езеро, тогаш имав 6-7 години заедно со таткоми ловевме и тогаш ја фатив првата риба.Потоа имав среќа да купиме плац во Бадар и да направиме викендица, во Пчиња сум израснал.Имав среќа да работам со мајстор Јошко Јосифовски во Електро Скопје под Кале.Во еден здив ги слушав неговите доживувања и мајстории.Но тоа е животот,се надевам дека сега ловат некаде на некое добро место заедно со мојот татко и ги прават лом.

АвторCOLON  Boris [Пет Дек 17, 2010 11:32 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Како станав рибар ;)

Ееее Кире ти само си ги слушал приказните, кој имал среќа да отиде на терен со него, тоа беа доживувања невидени. Штета само што во последните години од неговиот живот веќе не одеше на сом, туку беше заљубен во пастрмката и не успеа бар на терен да ми пренесе некои од неговите сомџиски искуства. Тоа беше луд-рибар, каков што ретко се раѓа, порано на сом одеа по 2-3 месеци во природа, сакаше да го извади најголемиот ѕвер на тоа тиквешко, до некаде успеа со капиталци, ама според кажувањата имално мнооогу поголеми. Сега на другиот свет сигурно прават партали, а од овој свет...ехххх останаа само приказните, опремата и фотографиите. Затоа сликајте луѓе, еден ден и нас ќе не нема, ама на форумите нашите синови и внуци тук-таму ќе постираат фотографии од едни данешни рибаришта. Поздрав

АвторCOLON  Kremenadla [Пет Дек 17, 2010 7:07 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Како станав рибар ;)

Е сега ме расплакавте!

АвторCOLON  Филип [Саб Дек 18, 2010 10:16 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Како станав рибар ;)

Kremenadla НапишиCOLON
Е сега ме расплакавте!
Постот на Борис беше исполнет со емоции, затоа си се расплакал, да не мислиш дека си пешкир... :mrgreen:

Страна 14 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/