Некои викаат човек се раѓа со таа пасија и дека гени се во прашање, некои викаат пак дека околината и семејството си го прават своето. Незнам кај мене што било пресудно, но еве како јас сум израснат во риболовец.
Секако основата е во семејството, а кај мене таткоми ми ја усади чивијата и со него за прв пат сум се запознал со оваа пасија, он ми го направи првиот бамбус, ме научи на основите и ме носеше на многу места по риба.
Еве сум на мои 2 години, дали ова била мојата прва риба појма неам, ама фасцинираноста на детето е забележлива
Ова е некаде на 3-4 години каде малку се сеќавам дека многу децаа бегаа од ајкулава, а јас ја галев и пикав прсти кај што не треба
Ова е исто таква некоја возраст кога ги открив големите риби кои мојот тетин Јосиф ги фаќаше. Иначе он во тоа време се осамуваше по неколку месеци на Тиквешко барајќи го најголемиот сом и во тоа време во 80-тите за малку не влезе во гинисова книга на рекорди со сом од околу 160 кила. Јас единствено се сеќавам дека тоа беа огромни рибетини на кои во дворот јас им ја пикав главата во уста. Во дружба со тетин ми и слушајќи ги неговите авантури чивијата заглиби до крај и пасијата отиде до бескрај..
Ова е веќе пубертет кога скоро да живеев на Вардар заедно со Лале другарми истражувајќи ги убавините на Вардар. Ова е првиот бојник на трева на Вардар, тоа беше радост до небото
.....и така натака
Верувам и другите имате некои вака интересни детски детали врзни со приказната- Како станав риболовец