Овој викенд бев во околина на Крива Паланка па одлучив да истражувам некој предели.Покрај многуте притоки кој ги има во горниот ток јас се одлучив да одам на изворите на Крива река.
Крива река ја сочинуваат две притоки кој се сретнуваат во близина на рудникот Тораница,пред граничниот премин Деве Баир со Бугарија.Патот отприлика вака би одел.Одите према Бугарија и од десната страна ке видите табла за Тораница.Тука скршнувате од магистралата и се упатувате кон рудникот.За цело време ќе одите по асфалт.Некаде после 10 мин треба да свртите десно по еден земјен пат кој исто така не е лош за лека кола.После 7-8 мин стигате до едно место кое се вика ЦЕПЕН КАМЕН.Еве зашто:
Тука вртите лево и доаѓате до составот помеѓу двете реки.Погледајте ги убаво реките.Што ќе приметите?
Таму ќе ја најдете една од најшокантните глетки кој не се реткост во Македонија.Едната река е комплетно силувана од човекот и затоа таа притока ја крстив "made by man".Таа е искористена за исфрланје на сите отпадни материи (тука не зборам за шишиња,кеси и сл) од рудникот,околу неа е се ископано,во непослредна близина се наоѓа јаловникот на Тораница,целата е во сива боја,има два прста наслаги од јаловина,нема риби,жаби па дури ни инсекти.
Погледајте
ископи
камења расфрлани
Сива река
Алги и лиги
Тоа сивото на сред слика испод небото е планина од јаловина-Таложник
Превртував камења за да најдам билокаков инсект.Мртвило
Се вртам за 90 степени и правам фотографии.Таму се наоѓа левата притока,чиста ,негибната.Ја нареков "made by God" затоа што во себе носи живот.
Не треба да превртуваш камења за да најдеш чаури.Едноставно ги имаше на купови
По патот сретнав печурка.Израснала на самиот пат и никој не ја згазнал затоа што никој не поминал подолго време.
Ако нешто ви шушне верувајте дека не е на арно.Овде Црвенкапа нема да ја најдете.
Погоре има еден рибник (од Титова Југославија) кој сеуште работи,но не е од комерцијален карактер.Чувар и две три кучиња.После неколку денови промена на чуварот и тн.
Паметно е да не одите како мене
затоа што може да сретнете
Добра страна е што има сигнал,ама ќе ве кошта некој лев .
Иначе што се однесува до нашата работа(рибарлукот),фрлав мушичка ама сепак морам да признаам дека реката воопшто не е за овој тип на риболов.Целата е со брзи токови и во каскади.Нинфата нема шанси да се задржи на некое место.
Локалците мислам дека ги фаќаат пастрмчињата на чаура на полупец со подолга трска.Иако тоа е забрането сепак мислам дека нема некој предуслови за мушичка или блинкер.Доколку се испита цел терен можеби би се нашле некој вирови,што не верувам превише, ама веќе во 14 h морав да си заминам затоа што се враќав за Скопје
Од риби милсам дека има само пастрмка и евентуално црна мрена-кркушка.
Бистро