Kористејки ги последните денови од годишниот одмор си седиме со Трајко и Љубе кај мене и си пиеме пивце, да мрднеме некаде по риба или да апстинираме.Се јавивме кај нашиот пријател во Демир Капија,Дејан кој вика дека водата многу варира ама излева по нешто ситно.И нас толку ни треба,фитилот краток и сабајлето рано правец Демир Капија и тоа на спиење.А таму
![Shocked :shock:](./images/smilies/icon_eek.gif)
,Ице вика Вардар пораснал во ноќта пола метар и тоа во висина,но што е тоа е,трските во рака и на пецање.
Риболовот слабо одеше,водата паѓаше а ладна кочан,пробавме се и сешто,брана,мамци разни,крми ама слабо.
![[ img ]](http://img850.imageshack.us/img850/7348/picture126.jpg)
Од лево на десно нашите домакини Ице и Деко со Трајче
Ова е единствената слика која ја направив пред батериите од апаратот да цркнат
Водата се стабилизира и се избистри дури приквечер,фативме околу две кила риба,која нашите домаќини ја испржија и ја донесоа во кампот,па салати мезиња ,жта,пивце...мераци,на рибарските муабети нама крај,се редат како на филмска лента.А пусти апарат сега најде да заебе работа
![Twisted Evil :twisted:](./images/smilies/icon_twisted.gif)
ми се идеше да го акнам во Вардар кој во текот на ноќта надојде.Посебно разочаран беше Љубе кој имаше удар на крап,додуша мало парче ама техничарче,си влезе во една гранка пред нозете на Љубе и фати џенем,кого едвај го утешивме со жтата
![Laughing :lol:](./images/smilies/icon_lol.gif)
Фрлаше и на пијавица ама бркото го немаше
И отприлика тоа е тоа на Вардар,слаба работа,барем од оваа страна на границата
Нема друго ке си тераме по старо
![[ img ]](http://img5.imageshack.us/img5/7500/picture125xj.jpg)
Епа другарчиња рибарчиња до следниот риболов БИСТРО