Колеги,побарав информација за Вардар и замислете не можев да го најдам,дури на втора страна го пронајдов,што е навистина за чудење ,за нашата најголема река нема никакви информации,но по мало размислување ми стана јасно дека постојат кругови кои меѓусебно си разменуваат информации а не сакаат јавно да ги споделат,тогаш се поставува прашањето на постоење на овој форум кој постепено се претвора во приватна своина на неколку кругови а сите останати сме аутсајдери.Можеби не сум во право меѓутоа на тоа ми мириса.Инаку за информација на нас аутсајдерите,на Вардар во градско подрачје се појави многу ситна пастрмка од 5-10 цм,која удира на секаков мамец,оставено е на совеста на рибарите дали ќе ја ослободат,знаеме дека совеста ни е на многу ниско ниво и можеме да замислиме што се случува,за тоа време ЗСР Вардар преокупирано е со издавање на дозволи и собирање на пари,замислете одкако сум ја извадил дозволата од пред 2 месеца не се поминати ниту еднаш на терен,да проверат што риба се вади,знаеме дека во тек е забраната за бојникот.Инаку јас извадив 10-тина пастрмчиња и се разбира назад во вода,не знам за другите колеги како се понашаат со овие мали пастрмчиња.Поздрав колеги и се надевам дека ќе споделите некоја информација за нашате најголема река Вардар,бистро.
Колега не е работата дека некој не споделува инфо за одреден ревир,во случајов Вардар....Моментално е забрана по рекиве,а башка Вардар како дестинација за риболов е атрактивна после јуни и понатаму...Сега се актуелизираат езерата и затоа за Вардар се оскудни информациите.Во врска со констатацијата дека форумот е своина на одреден круг на лиѓе,со сигурност можам да кажам дека грешиш
Верувај,да беше така,одамна јас лично ке го напуштев
Но не е така,биди поактивен,шири позитивна енергија,запознај ги луѓето(барем дел од нив,ако не сите)и ке видиш дека грешиш...
Бистро
_________________
p.s. kolku poveke tupat krapdziite tolku poveke lovat spinerdziite.