Рибар 2011 одлучи и оваа година да организира едно спин дружење на Мавровско Езеро.
Повторно дружење, а не куп, од една едноставна причина, да се соберат што повеќе риболовци кој риболоват на оваа техника и при тоа без да има вадење на лекарски и вадење на спортски легитимации.
Ке биде потребно да се извади еднодневна дозвола која што секој риболовец ке треба сам да ја обезбеди ( тие што имаат годишни или државни дозволи немаат потреба од вадење на еднодневна дозвола ).
Дружењето ке го најавиме кај концесионерот и ке го замолиме доколку е возможно да дојде на лице место и тамо да се извадат дозволи ( да не мораме секој посебно да оди во нивната канцеларија и да вади тамо дозвола ).
Сеуште немаме одлучено на која точна локација би било ова дружење а во опција се три локации и тоа Леуновска Брана, Црн Камен и под споменикот а најголема причина за ова е сегашниот многу низок водостој на езерото и неможноста да се планира неговото ниво за еден ипол месец однапред.
Сакам да напоменам дека ова спин дружење е воедно и комеморативен настан бидејки сакаме да му оддадеме чест на нашиот прерано заминат колега риболовец и спинерџија Владо МКД.
Датум на одржување 07. МАЈ - недела
Саатницата би изгледала вака
7,30 Пристигнување, пријавување и запознавање со патеката.
8,00 Започнување на натпреварувачкиот дел
12,00 Завршување на натпреварувачкиот дел.
ПРАВИЛА
1. За натпреварот ќе бидат ангажирани лица кој ке го мерат уловот
2. Организацијата на натпреварот и пресметувањето на резултатите ќе биде според Правилата за натпревари во спортски риболов
3. Дозволено е зафрлување со една трска со вештачки мамки кои се предвидени, со најмногу две трокраки јадици.
4. Употреба на живи мамки и било какви други ненаведени мамки се забранети.
5. Забрането е зафрлање со кое би се попречило на друг риболовец.
6. Забрането е вадење на риба без кепче и оставање на рибата надвор од вода на суво, камен и сл.
7. После секој улов риболовецот е должен да го причека судијата за да го измери уловот и потоа рибата ке биде вратена во вода, освен доколку има поголеми повреди и судијата оцени дека рибата не треба да биде вратена назад.
8. Забрането е влегување во вода освен во исклучителни ситуации ( вадењее на дел от опремата или мамци доколку се паднати или закачени во вода )
9. Секој натпреварувач се образува пристојно и коректно однесување спрема природата, рибите, натпреварувачите, судиите, организаторите.
10. Секое нехумано однесување спрема рибите, оштетување или умирање по вина на натпреварувачот ке биде соодветно санкционирано од судијата на натпреватор.
11. Се бодува риба од видот клен и пастрмка
12. За најголем улов ќе се смета риба која ќе има најголема должина при мерење од страна на судиите, а во конкуренција се сите натпреварувачи вклучувајќи ги и 1, 2 и 3 место
13. Бодувањето ќе се врши по должина на рибата и по бројот на уловени риби, согласно следните пропозиции:
- Секоја уловена риба носи 10 бода на натпреварувачот
- За секоја уловена пастрмка се мери должината и 1 см = 3 бода
- За секој уловен клен се мери должината и 1 см = 1 бод
(Пример: ако натпреварувачот има уловено 2 клена од 30 см и една пастрмка од 25 см, се бодува на следен начин: 3 риби х 10 бода = 30 бода, 2 клена по 30 см = 60 см х 1 бод = 60 бода, 1 пастрмка од 25 см х 3 бода = 75 бода. 75 + 60 + 30 = 165 бода за тој натпреварувач)
14. Минимални мерки за мерење:
- клен 20 см
- пастрмка 25 см
Заради подобро организирање на дружењето потребно е сите заинтересирани да се пријават во темава.
Секој учесник во натпреварувачкиот дел ке добие листа на која ке бидат прибележани уловите од страна на лицата кој ке го вршат мерењето. _________________
|