www.ribar.com.mk
http://ribar.mk/forum/

Spin Liga 2018
http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=148&t=6896
Страна 316

АвторCOLON  nenad [Пет Јан 26, 2018 6:19 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Spin Liga 2018

Филип НапишиCOLON
Па нормално дека сакам да се опробам, ти за што се пријавуваш ако се пријавуваш? Сакам и да сум во првите 3 места, кога сме веќе на тој муабет, не само да учествувам. Тоа со “важно е да се учествува“ е за алиби во случај на неуспех :D

А кон мојата пријава допринесе и тоа што бев испровоциран од “елитизмот“ кој се ширеше од одредени риболовци кои се декларираат како спинерџии. Нешто слично како твојот прв коментар во темава ;)
За да се опробаш, за да научиш или слични работи што ги напиша Борис , треба да дојдете на некоја спин дружба или највише куп а не во лига, затоа што лигата го одвојува рекреативниот од спортскиот риболов и тука нема лутање туку би требало секој да се насочи во својата дисциплина и нормално таму да го даде својот максимум.
Според мене а мислам дека и Сергрј напиша во лига, не само спин и не само риболов, треба да се пријават учесници кои имаат слободни средства(читај пари) и слободно време и истите се спремни да ги потрошат за сопствена надградба во својата дисциплина, со купување и обновување на опрема и одење на меѓународни куп натпревари кои се слични на светскиот куп.
Свиѓало на некој или не,само ува носи успех на светски купови и ова е фер пристап спрема останатите натпреварувачи, а пошто се претендира да се биде репрезентативец - фер е и спрема државата.
Вашево одење во лига од тоа што си испровоциран, исфрустриран, искомплексиран и сл., е погршен пристап и девалвирање на лигата уште не почната.
Знам дека спинерџиите ви се трн во око, ама па тоа не е разлог да ја заебете и лигата.

АвторCOLON  Филип [Пет Јан 26, 2018 8:59 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Spin Liga 2018

Ненад, јас сум спремен на се, немој да мислиш дека не можам да се опремам и за светско, во најкраток рок, ако е потребно било што дополнително.
Друга работа, јас сум ловел на спин пред некои од декларираните спинерџии да почнат, сум одел и на скоро сите дружби, а фала богу сум бил и на дружби вон вашиот круг.
Трета работа, сакаш да ми кажеш дека Горјан, Лимун или некој трет не ловеле на тапа на пример? Па сум гледал и репортажи, а со некои и заедно сум ловел. Што значи, и тие немаат морално право да се пријават во лигата?

АвторCOLON  Филип [Пет Јан 26, 2018 9:06 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Spin Liga 2018

Петраки, не знам зошто гледаш толку трагично на работите.

Има спин лига, имам спин опрема, имам дури и некои ситници кои добар дел од вас ги нема (знае Давор на што мислам), имам желба, можност и знаење, ЗОШТО ДА НЕ СЕ ПРИЈАВАМ? Едноставно, сакам да се натпреварувам.

Јас би бил пресреќен доколу пет спинерџии дојдат годинава да се "пробаат" во мушичарска лига.

И лани ќе се натпреварував, ако не ви беше проблем да извадите "лекарско за 3 саата" на повеќето. За жал, немаше заинтересирани и купот не се одржа.

Мене многу ме радува вашата сплотеност, камо среќа и во другите дисциплини да ја имаше. Се надевам дека еден ден и другите дисциплини ќе може да се пофалат со тоа. Ама тоа нема врска со спин лига, натпревар и натпреварувачи. Не знам зошто ги мешаш тие работи и кажуваш неиздржани претпоставки.

Бисто на сите во лига, нека победат најдобрите.

п.с. Лимун, не оспорив никого како спинерџија, нека ти објасни некој што значи "риболовци кои се декларираат како спинерџии".

АвторCOLON  emil.matoski [Пет Јан 26, 2018 9:44 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Spin Liga 2018

Eve i jas ke se prijavam :)
Spin lovam uste od pred da pocnam da lovam skobal, uste mnogu godini pred da pocnam da lovam so musica, spin lovam od koga imav 15-16 godini, znaci poveke od 20 godini do sega. Valda ova e dovolno za da se prijavam vo ligata.
A koga e Evropskoto vo Bosna? Da znam za da si planiram slobodni denovi :)

АвторCOLON  Fiksna [Пет Јан 26, 2018 10:17 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Spin Liga 2018

Со муабетов ме подзамислуете и мене...
Си викам, штом Лимун се пријавуе, што па да не си ја пробам и ја среќата. Колку може да е тешко :?: :!:

:yahoo: :yahoo: :yahoo:

АвторCOLON  limun75 [Пет Јан 26, 2018 11:14 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Spin Liga 2018

Fiksna НапишиCOLON
Со муабетов ме подзамислуете и мене...
Си викам, штом Лимун се пријавуе, што па да не си ја пробам и ја среќата. Колку може да е тешко :?: :!:

:yahoo: :yahoo: :yahoo:
Не е воопшто тешко...Едно трскиче,машинче,два три кастмастера од по 10-20 грама и спремен си...не треба знаење,играј повеќе на среќа :seir:

АвторCOLON  emil.matoski [Пет Јан 26, 2018 11:50 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Spin Liga 2018

Kastmasteri za Radika :shock:
Ili na Mavrovo ke e ligata, da ne slucajno ne sum razbral dobro :?

АвторCOLON  Филип [Пет Јан 26, 2018 11:55 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Spin Liga 2018

Емиле, џиг јадица, тунгстен 5-ка, силиконските од нашите и тоа е тоа, за Радика. А за Треска ќе ти го кажам рецептот, ќе се изненадиш :)

АвторCOLON  FisherKing [Саб Јан 27, 2018 12:11 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Spin Liga 2018

Другари јас на сите што ќе се пријават на Првата спин лига во Р. Македонија ви посакувам успех и пласман на Светското првенство во Босна. Сите што ќе земат учество влегуваат во историја како први учесници на првиот ваков натпревар кај нас.
Незнам што требаа онакви постови на почетокот околу намалување на квалитетот на лигата, бардовите, елитизмот и сл. Никој не се родил како крапчија, мушичар или спинерџија. Мислам дека прво сите тука сме рибари па после секој се определил или се определува за некој вид на риболов. Јас сум рибар, тоа што со тек на време и условите кои ми налагале сум се определил повеќе за овој начин на риболов, што не значи дека во првата прилика за добар риболов не би отишол да ловам со тапа. Секој рибар со тек на време исто така и вложува во своето хоби, бидејќи овде професионалци нема, било дали вложува во воблери, врзува мушици и рола боили, секој дава нешто свое време, пари или нешто друго.
Баравме лига, добивме лига и што се случи први коментари со иронија и сарказам, мерење на кој му е поголем, па кој, како, што, колку и сл.
Се направи и секција спин и флај, ок. и тоа е супер. И тука мушичарите ќе го имаат би рекол главниот збор околу одредување на стазата бидејќи се често на Радика. Јас немам ловено на Радика никогаш.
Знам дека има и ќе има муабети од типот ,, А бе ќе се пријавиме кој ги врти подобри сме од нив,, или ,, ете дојде тој и тој и ве победи, џабе ви е опремата,, или ,, тој и тој со позајмена трска ве победи за страмота сте. Како што имаше муабети кога Африм си ја фати рибата на Мавровско или Кременадла со неговата риба. И тука нема замерки од никого дека најпоштено си фатија риба. За жал состојбата на нашите води е таква што ваков тип на натпревар се сведува највеќе на елементот среќа.
Затоа другари ве замолувам задржете го достоинството, нешто убаво ќе се случува тука, кој сака ќе биде дел од Лигата, а за после ќе видиме. Многу работи на многу луѓе им се многу јасни. Све е јасно.
Има друга тема за раговор за риболовот повелете.

АвторCOLON  sinooksk [Саб Јан 27, 2018 2:12 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Spin Liga 2018

Оваа година за прв пат ќе се одржи Спин лига што особено ме радува и секако, треба да се работи на популаризација на оваа дисциплина. Коментарите од типот "спуштање на ниво на лига", "елитизам" и разно-разни иронични и крајно лицемерни коментари, воопшто не прават ништо добро во однос на Спин лигата и нејзиното одржување, на популизацијата на оваа риболовна дисциплина. Дружењето и взаемната почит меѓу оние кои одбрале да риболоват повеќето од времето во спин техника не е елитизам, едноставно, еве за себе зборувам сега, јас одбирам со кого ќе се дружам и кого ќе почитувам и тоа само врз впечатокот што колегата/другарот го има оставено на мене. Лицемерни, искомплексирани, личности, никако не сакам да видам околу себе. Толку од елитизмот.

Е сега, со моето скромно спинерџиско искуство, би сакал некој да ми појасни, на натпревар организиран според FIPS правилник, какви санкции следуваат за кепање на пастрмка како на 23:30 од видеото подолу, дали моментална дисквалификација или црвен картон? Или жолт? Или можеби во мушичкарските натпревари не се санкционира вакво кепање? Еве, чекам одговор од "зналците".

Да живее Спинот и Спин лигата! Бистро!




Страна 316 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/