Па нормално дека сакам да се опробам, ти за што се пријавуваш ако се пријавуваш? Сакам и да сум во првите 3 места, кога сме веќе на тој муабет, не само да учествувам. Тоа со “важно е да се учествува“ е за алиби во случај на неуспех
А кон мојата пријава допринесе и тоа што бев испровоциран од “елитизмот“ кој се ширеше од одредени риболовци кои се декларираат како спинерџии. Нешто слично како твојот прв коментар во темава
![Wink ;)](./images/smilies/icon_e_wink.gif)
За да се опробаш, за да научиш или слични работи што ги напиша Борис , треба да дојдете на некоја спин дружба или највише куп а не во лига, затоа што лигата го одвојува рекреативниот од спортскиот риболов и тука нема лутање туку би требало секој да се насочи во својата дисциплина и нормално таму да го даде својот максимум.
Според мене а мислам дека и Сергрј напиша во лига, не само спин и не само риболов, треба да се пријават учесници кои имаат слободни средства(читај пари) и слободно време и истите се спремни да ги потрошат за сопствена надградба во својата дисциплина, со купување и обновување на опрема и одење на меѓународни куп натпревари кои се слични на светскиот куп.
Свиѓало на некој или не,само ува носи успех на светски купови и ова е фер пристап спрема останатите натпреварувачи, а пошто се претендира да се биде репрезентативец - фер е и спрема државата.
Вашево одење во лига од тоа што си испровоциран, исфрустриран, искомплексиран и сл., е погршен пристап и девалвирање на лигата уште не почната.
Знам дека спинерџиите ви се трн во око, ама па тоа не е разлог да ја заебете и лигата.