www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Саб Ное 23, 2024 9:54 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «12345»
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONВто Oкт 07, 2014 7:54 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Пастрмка ;)

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Oкт 07, 2014 11:38 am 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
FisherKing НапишиCOLON
A da go zgolemime vremetraenjeto na ribilovot na 4-5 saati nekako kratko mi se gleda 3 saati ribolov, a sto vikate. Sepak po ladno e sega pa moze ribata bi se razdvizila podocna koga bi se stoplilo malku, aj kazete sto mislite.
Апсолутно се согласувам, треба подолго време.
Воедно треба да се размисли и за соодносот 1:3 за пастрмката. Тоа значи дека тој што ќе фати 3 клена е еднаков на тој што ќе фати една пастрмка, мислам дека пастрмката е присутна доволно за соодносот да биде 1:2.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Oкт 07, 2014 12:02 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
И јас сум за подолго време, да го направиме 4 или 5 часа. И пастрмка 2:1 во однос на кленот :lepi:

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Oкт 07, 2014 12:58 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Ај дури не сум го пратил во МРФ на усвојување :)

Мојт вака?


Риболовен натпревар во поединечна конкуренција во дисциплина СПИН
ДРЖАВЕН КУП МАВРОВО 2014


Организатор: Македонска Риболовна Федерација
Домаќин: ЗРСРК РИБАР 2011 Скопје
Термин на одржување на натпреварот: 26.10.2014 година


Право на учество во натпреварот имаат сите риболовни здруженија.
Број на натпреварувачите не е ограничен.
Натпреварот ќе трае непрекинато 5 часа. Предвиден е улов на риба само од видот клен и пастрмка.
Право на учество имаат сите спортски риболовци кои поседуваат спортска легитимација издадена од МРФ.
За учество во натпреварот не се плаќа котизација.
За најдобрите тројца натпреварувачи во СПИН натпреварот ке следуваат: медали, пехари и др.


ПРОГРАМА

Недела, 26.10.2014

7.00 до 8.00 часот - Пристигнување на натпреварувачите
од 8.00 до 8.30 часот - Запознавање на натпреварувачите со патеката и правилата
од 8.30 до 8.45 часот - Подготовка на натпреварувачите
9.00 часот - Почеток на натпреварот_____________________________ прв сигнал
14.00 часот - Крај на натпреварот _______________________________втор сигнал

14.30 часот - Соопштување на резултатите и прогласување на најдобрите натпреварувачи

Натпреварот треба да биде медиумски покриен од најмалку 1 медиум.

За фер и коректно спроведување на натпреварот Македонската риболовна федерација и домаќинот ЗРСРК РИБАР 2011- Скопје ќе ангажираат доволен број на членови-волонтери кои ќе им помагаат на натпреварувачите доколку имаат било каква потреба.


ДИСЦИПЛИНА: Лов на риби грабливки со риболовна техника СПИН
КОНКУРЕНЦИЈА: СЕНИОРИ
ДАТУМ: 26.10.2014
МЕСТО: Мавровско езеро, место викано Црн Камен

Натпреварот ке биде во слободен стил, односно без извлекување на позиции за секој натпреварувач, со што натпреварувачите се должни да држат прифатливо растојание од 10-15 метри еден од друг, доколку има пречекорување судијата е должен на тоа да го опомене натпреварувачот. Доколку се повторува прекршокот, натпреварувачот ке биде санкциониран. Патеката ја одредува комисија од МРФ И ја соопштува на натпреварувачите непосредно пред натпреварот.
Дозволен прибор ке биде: Два риболовни стапа едниот за употреба, а другиот за резерва, две машинки со капацитет по избор на натпреварувачот, конец монофил или плетен по избор на натпреварувачот, кепче, вештачки мамки (воблери, блинкер, спинер, силиконски мамки со оловни глави,главињари) кои ке се употребуваат без додавање на вештачки ароми и мириси.


ПРАВИЛА

1. За натпреварот ќе бидат ангажирани двајца судии
2. Организацијата на натпреварот и пресметувањето на резултатите ќе биде според Правилата за натпревари во спортски риболов
3. Дозволено е зафрлување со една трска со вештачки мамки кои се предвидени, со најмногу две трокраки јадици.
4. Употреба на живи мамки и било какви други ненаведени мамки се забранети.
5. Забрането е зафрлање со кое би се попречило на друг риболовец.
6. Забрането е вадење на риба надвор од вода на суво, камен и сл.
7. После секој улов риболовецот е должен да го причека судијата за да го измери уловот и потоа рибата ке биде вратена во вода, освен доколку има поголеми повреди и судијата оцени дека рибата не треба да биде вратена назад.
8. Забрането е влегување во вода.
9. Секој натпреварувач се образува пристојно и коректно однесување спрема природата, рибите, натпреварувачите, судиите, организаторите.
10. Секое нехумано однесување спрема рибите, оштетување или умирање по вина на натпреварувачот ке биде соодветно санкционирано од судијата на натпреватор.
11. Се бодува риба од видот клен и пастрмка
12. За најголем улов ќе се смета риба која ќе има најголема должина при мерење од страна на судиите, а во конкуренција се сите натпреварувачи вклучувајќи ги и 1, 2 и 3 место
13. Бодувањето ќе се врши по должина на рибата и по бројот на уловени риби, согласно следните пропозиции:
- Секоја уловена риба носи 10 бода на натпреварувачот
- За секоја уловена пастрмка се мери должината и 1 см = 2 бода
- За секој уловен клен се мери должината и 1 см = 1 бод
(Пример: ако натпреварувачот има уловено 2 клена од 30 см и една пастрмка од 25 см, се бодува на следен начин: 3 риби х 10 бода = 30 бода, 2 клена по 30 см = 60 см х 1 бод = 60 бода, 1 пастрмка од 25 см х 2 бода = 50 бода. 50 + 60 + 30 = 140 бода за тој натпреварувач)
14. Минимални мерки за мерење:
- клен 25 см
- пастрмка 25 см

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Oкт 07, 2014 1:15 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
ајде нека кажа и овие што почесто го ловат Мавровско, леуново, ненад, горјан...


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Oкт 07, 2014 1:16 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
И Горјан прееска ми предложи поголема саатница, затоа и го ставив предлогот вака.

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Oкт 07, 2014 1:18 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
а за соодносот клен-пастрмка


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Oкт 07, 2014 1:20 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Тоа е администраторска желба :mrgreen:

Се шалам, мое мислење е дека е преголем соодносот 1:3 во корист на пастрмката, да е до мене би биле исто, ама претседателот како иницијатор сакаше да се разликуваат по вреднување, лани на дружбата ептен се разликуваат, годинава може помалку. Затоа се воведе и системот на бодување на рибата како единка плус должината.

Плус, како што можам да видам, Леуново и Горјан повеќе вадат клен од пастрмка, како што кажа Леуново оваа година прв пат извадил пастрмка(и) после пост од неколку години...Сигурно нема да им пречи :)

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Oкт 07, 2014 1:36 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONЧет Maј 09, 2013 7:14 pm
МислењаCOLON703
pocetokot na natprevarot da se pomesti za vo 8 casot


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Oкт 07, 2014 1:49 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Мене не ми пречи. Другите?

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «12345»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 11 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum