Znaci ti ke go palis oganot vo sator ili....
Znaci ako ideme idnata nedela tri veceri na strezevo,mavrovo,vratnica,kalimanci ti preporacuvash na mladive neiskusni koi vlagaat vo ribolovot deka so obicen star sator,bez greenje,so najobicno krevetce ke nemaat gajle.
Neznam ti kolku si idel vo ovoj period ama jas itekako sum idel i mozam da ti kazam deka vtoriot den ili ke pobegnat vo kola ili ke si otidat od ladno.A ako go prosledish tektsot ke vidish shto napishav i koja e poentata na temava
Значи темата е Почетничка КАМП Опрема, а не опрема за во Ноември, Декември и Јануари. Притоа, кога се збори на темава секој треба да се запраша колку излети во годината и во кој период прави, вакви со кампување.
Колку пати идеш на кампинг ?
Ако се пресметаш и видиш дека со капмување си успеал да искочиш 5-10 пати во годината, ќе сватиш дека ако не си во можност и нема потреба се да биде баш профи и немора. Јас тргам од мене, еве пример оваа година со кампување успеав да реализирам 5 идења. Имам обично креветче од оние старите, најобична столица од оние старите, обично масиче од оние старите, еден шатор од кинеските од 1200 денари, лесен и брзо се склопува, комотен за два кревети внатре, штити од ветер, дожд, муви, комарци и слични инсекти, тенда домашна изработка и други ситници со кои импровизираме со дел од колегите со кои сум бил. И сето ова брка некако работа и што е битно, не завзема многу место и не тежи многу.
Друго прашање е каде одиш да кампуваш ?
Ако одиш некаде каде што колата доаѓа до само место на фаќање, такви места во МК има малце, тогаш ОК ќе земеш/купиш повеќе и поасална опрема. Сепак, кога треба некаде да одиш со чамец, или да се спушташ и качуваш пример 500 метри, или повеќе, тогаш идењето по риба се претвора во кошмар:
1. Треба да се прашаш дали имаш возило за да ја собереш таа опрема, дали возилото може да ги помине дупките и патот кој треба да го поминеш и конечно, колкаво е возилото,...значи возилото ти преминува во бр.1 потреба опрема за кампинг.....? ако возилото е скромно, а ти сакаш да земеш све што имаш од камп опрема, сваќаш дека во возилото може да се возиш само ти
, евентуално 2-ца. Што правиме ако имаш 3 човек кој сака да дојде, за четврт да неправиме моабет. Тоа е проблемот со возилото и со носењето на комплетна камп опрема
2. Под претпоставка дека имаш солидно и убаво и големо возило, имаш приколка, имаш туле и све останато. Носиш
- голема футрола за параболици и машинки,
- торба со алишта
- шатор
- вреќа за спиење
- торба со крапски/сомски прибор и ситници
- кревет
- стол
- масичка
- греалка
- тенда
- прихрани и други работи
Еве да речеме двајца идете, (за тројца не правиме моабет) поголем дел од работите погоре помножени со 2.....ок некако ќе се однесеш све од камп опрема си натрпал, преоѓаш на друг проблем, ....
....се јавуваат најмалку 4 мучни делови од твојот риболов, за кој многупати сум пцуел и сум викал налет и риболов и се и ми прекиснало идењето на кампинг. Прво: мкнење и товарање сето ова во кола, второ: растоварање на целата камп опрема, мкнење до местото на риб0олов и поставување на кампот, гратис меѓуфаза (ако идеш со чамец) истоварање од кола и товарање во чамец и повторно истоварање на местото на злосторот, трето: склопување на кампот и опремата и повторно тискање во кола по завршувањето на риболовот, ако во оваа фаза имаш искачување на некое брдо ќе ти биде уште поинтересно четврто: растоварање од кола, чистење на сета опрема, повторно мкнење и подредување дома, во гаража, во подрум.....
И после Сашо ќе рече, ја кога ќе подостарам ќе станам крапџија,....алооооо како помлад се станува крапџија, кога ќе подостариш ова неможеш да го правиш,....кога ќе подостариш биди си само спин, трската, воблерите, евентуално едно торбиче, четворица во кола комотно
Да заклучам, добра камп опрема е супер за да се осеќаш господски, ама треба да ти се поклопат неколку други коцки,
- да имаш добро превозно средство
- да одиш пред се на достапни води
- да имаш КЕШ за све што треба да купиш
- да имаш волја да бараташ со сето тоа
Ако некоја од овие коцки ти мањка, или не ти е баш на место, тогаш одиш на своевидна импровизација, зимаш полесна опрема, ако не те збира, ако сакаш да земеш уште еден колега, исфрлаш дел од работите, на терен импровизираш и бараш помош од природата (келтан систем), се шалам и јас уживам да работам со природата и да се снаоѓам....
Ke se potrudam da bidam sto e mozno pokratok za da ne zamaram....
Poubavo i pozdravo razmisluvanje od ova sto go napisa Boris niti ima niti moze da ima i go procitav postov nekolku pati so voodusevuvanje posto sekoj zbor sto e napisan vo nego e NO COMMENT i bi sakal JAVNO da mu kazam deka samo covek so zdrav razum moze da razmisluva na ovoj nacin i da napise vakvo nesto....
So ribolov na tapa se zanimavav okolu 35 godini i gi ispolnuvase moite normativi i potrebi... E sega od lani koga bev na gosti kaj nego vo drzavata kade sto zivee sega i me odnese na krapski ribolov se smeni se...
Me zainteresira i mi se dopadna nacinot na koj on i negovite tamosni drugari go pravea seto toa...
Znaci ne se raboti za ribolovot samo nego za seto ona od samiot pocetok priprema za ribolov sto kaj niv podrazbirase nosenje na skoro se i sesto pocnuvajkji od satori, propratna oprema za kampuvanje i ribarski pribor pa se do edna slobodno mozam da ja narecam podvizna kujna.....
Od lani pocnav da pribiram po malku oprema tri trski i masinki so signalizatori i stolica i cador za sonce i vekje posle prvite nekolku izleguvanja na voda pocna da si pokazuva samiot ribolov sto fal taka da pocnaa da se nizat edna po edna rabotite... Prvo ne me sobirase vo kolata iako odime samo jas i mojata sopruga ili ako ne doagja ona togas sin mi e so mene , taka da sleduvase tovarna prikolka, megjutoa posto kolata bese niska i dolga cesto morav da nosam na race po nekolku stotini metri se koe bese pravo izmacuvanje taka da padna odluka deka za sto poveke da i se doblizam na vodata potrebno mi e i soodvetno vozilo... Resenieto go najdov vo Lada Niva koja ja spustam do voda bukvalno skoro na sekoj teren ponekogas i sam plasejkji se za mojata sigurnost i zamoluvajkji ja soprugata da izleze od voziloto so opravdanie od nadvor da mi kazuva kakov e patot...
E sega satorot na nekoi mesta ne mi bese bas namenski posto sum malku krupen covek od 111 kg i mi treba malku povekje prostor da manevriram taka da vo seto toa padna odluka za Brako prikolka koja e niska i siroka koga se transportira taka da verojatnosta da se tumbam so nea e pomala odkolku so gotovite prikolki kako na Oki ribar na primer... Pa zemav i Brako prikolka so tenda pred nea koja se zatvara pa taka da sega imam dovolno prostor za manevriranje i komoten krevet skoro kako spalna za spienje na zadovolstvo na mojata sopruga... Pa sleduvase gliser i fish finder ....
E sega posle toa sleduvase deka bi bilo dobro da se ima uste eden set na pracki pa go kupiv i toj...Da napomenam ne kupiv nisto skapo ni jako ednostavno kupiv pracki so koi ke mozam da osetam zadovolstvo pri drill i se odluciv na 12 ft 2,75 lb na SPRO spareni so Shimano Baitruner 10000... posto na terenite kade sto odam na ribolov ne se potrebni dalecni zafrluvanja ova mi bese prifatliv pribor i gi napraviv dva takvi seta... E sega pocnav da razmisluvam i na drugi destinacii pa taka da pocnav da go sklopuvam i najnoviot set od 13 ft 3,50 lb itn..itn...
Znaci na kraj kraeva ova nema kraj kolku povekje navleguvas tolku povekje trosoci.. E sega drugo e sto ne sum zainteresiran za takmicenja i prestiz na skapi trski i masinki.. ednostavno uzivam vo seto ova sto go imam...
I seto ova za edna godina a za vo idnina ke vidime...
Izvinete ako skrsnav od temava malku ama nekako se najdov vo postot na Boris...