www.ribar.com.mk
http://ribar.mk/forum/

Новата патека за Супер Лига - Пливка 2014
http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=145&t=4592
Страна 16

АвторCOLON  g.cuculoski [Пет Јан 17, 2014 12:04 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Новата патека за Супер Лига - Пливка 2014

Накратко во оваа тема ке ве запознаам со новата патека за одржување на Супер Лига колата - мајсторки за избор во репрезентација.

Лична карта :

- Локација : Росоман.МК ( 80 км . од Скопје / 92 км од Битола / 90 км од Струмица )
оваа локација одлична за сите натпреварувачи ,бидејки една од поволностите е тоа што од било кој дел на МКД да тргнес км. е горе - доле иста :)

- Должина на патека : 160 мт
- Длабочина на 13 мт. од обала ( штек ) 1,80 - 2,00 мт преку цела стаза
- Големина на бокс по натпреварувач - 10 мт. ( каде на средина ке се постави бетонска платформа со димензии 1,5 Х 1,5 мт. )
- Видови на риби : Караш од 100 - 1.300 кг. / Крап од 400 - 3.000 кг / Црвеноперка од 30 - 600 гр. / Линјак од 100 - 600 гр. /
Сончица ( не се важи ) / Плашица ( мала застапеност , ситна ) / Америчко сомче од 50 - 400 гр. ( средно - ниска застапеност )
Амур од 2 - 7 кг.

Оваа патека е во приватна сопственост .
Главните протагонисти и носечки личности за изградба на оваа патека се :
Кире Малинков , Васко Бојаџиев од ЗСР Оскар Кавадарци
како и ,,старите волци ,, Марјан Ристиќ и Горан Цуцулоски од екипите на ЕХ - Вардар , Денешен Рибар 2011 Ч) ( мала шала )

Значи начелно оваа идеја оддамна владее кај нас натпреварувачите со искуство ,меѓутоа дури годинава оваа идеја ќе го види сонцето ( подобро некогаш ,отколку никогаш ) МК пливка иде напред :)
секако тука хајголем придонес даде Оскар Каварадци ( едно младо друштво со многу ентузијасти - спортисти )
кои изнајдоа начин како да издејствуваат едно од овие езера да им се даде на спортистите за спортски намени.

еве некоја слика од нашите тренинзи минатата година
ВНИМАНИЕ : овие слики се пред да влезе багерот да ја направи писта патеката !!!!!

[ img ]

Кире Малинков и Борче ( Оскар ) со Мац ( Рибар 2011 )


[ img ]

Борце и Мац

[ img ]
Зср оскар

[ img ]

Зоки ( Рибар 2011 ) - кога го сефтосуваше штекот :)

Значи ова се сликите како беше прошла година и сега е се сменето бидејки дојде еден ,,Глодач ,, ;)

[ img ]

[ img ]

[ img ]

Знаци ова е накратко за оваа патека , ке следуваат и уште покорисни информации .)

АвторCOLON  ТафТабиТ [Пет Јан 17, 2014 12:15 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Новата патека за Супер Лига - Пливка 2014

Цуцул ... сакаш да ми кажеш дека езерот не е затревено ???

АвторCOLON  g.cuculoski [Пет Јан 17, 2014 12:25 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Новата патека за Супер Лига - Пливка 2014

Писта ТаФтА :fishing:

грам трева нема , тоа амуите летово и есенва додека ловевме трски бутаа да јадат :lollol:

АвторCOLON  spiro_jas [Пет Јан 17, 2014 12:38 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Новата патека за Супер Лига - Пливка 2014

е ова е одлично нешто, браво за сите кои дале придонес да се направи ваквата патека која ке овозможи да се одржи одлична супер лига :~~

АвторCOLON  ТафТабиТ [Пет Јан 17, 2014 12:48 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Новата патека за Супер Лига - Пливка 2014

Јас последен пат кога бев со Спаива и со Владо МКД ... олово 90 грама не можеше да падне на дно :head_bang: стоеше на трева одозгора :lol: :lol: :lol:

АвторCOLON  g.cuculoski [Пет Јан 17, 2014 12:51 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Новата патека за Супер Лига - Пливка 2014

има уште идеи да се реализираат Спире ;)

треба на средината од стазата за изградиме летниковец кој ке биде 1,5 до 2 мт. над нивото од натпреварувачите
да можат судиите све на дланка да им биде ;)

планираме и три камери да поставиме за да можат овие мајсторки да се снимаат од почеток до крај ,за и да направат пропуст
судиите - одпосле да се санкционира натпреварувачот кој ќе направи прекршок.
исто така овие снимки добро ке му дојдат на Селекторот на Мк Пливка Реп. за да види која како работи со ограничените техники.

Риба има многу ,мозам да ви казам и по бројка
- караш од 100- 300 гр. - 400 -600 парциња
- Крап од 400 - 1 кг - 100 - 200 парчиња
- Црвеноперка од 50 - 200 гр. - 1000 парчиња
- Лињак од 100 - 200 гр - 300 парчиња
- амур од 3 - 5 кг - 15 парчиња / од 10 - 15 кг има 4 примероци :)
- Попадика од 30 - 100 гр. 200 парчиња

Ова е што има во моментов , до мајсторка Х 3 најмалку ке има од овие риби ;)

Сега вкупно по некои проценки има околу 3000 примероци на риби кои се бодуваат
што значи ако ги поделиме со 15 натпреварувачи ке ја добиеме бројката од 200 риби по натпреварувач ;)

ако ја зголемиме Х 3 до почеток на Супер лигата ,бројката од 600 парчиња риба по натпреварувач ке биде и повеќе од доволна за да видиме кој како работи на вода која изобилува со риба ;)

Досега имаше проблем со патека ,односно нерамномерна за сите , па немање на доволно риба .
е сега сите тие недостатоци овдека се елиминирани , значи останува мајсторијата.
Јас не го рекламирам езерово и не го форсирам зошто го познавам и сум сигурен дека ќе победам ,
туку ете дојде денот кога за сите ке има еднакви услови со многу видови и големини на риби и нормално во таква ситуација
,, НИКО НИЈЕ СИГУРАН ,, што би рекле оние од север :lollol: :lollol: :lollol:

АвторCOLON  spiro_jas [Пет Јан 17, 2014 12:57 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Новата патека за Супер Лига - Пливка 2014

а како е езерото отворено за тренизи, може ли секој да си оди кога сака да тренира или е со некое предходно закажување

идеите се одлични тоа со летниковецот и камерите, ако се вака дотера ке биде нешто што ке е за голем респект :NotWorthy:

АвторCOLON  g.cuculoski [Пет Јан 17, 2014 1:00 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Новата патека за Супер Лига - Пливка 2014

Trening e dozvolen i BESPLATEN samo oficijalniot trening koj se zakazuva najcesto
eden den pred natprevarot i trae od 10.00 - 17.00 casot

za drugi denovi nit znam kako ke bide ,nit me interesira toa si e politika na Oskar od kavadarci .

Mislam deka ke moze da se odi drug den a kako ke bide regilirano toa neznam , koga ke ima info ke soopstam na forum .

АвторCOLON  Zoki rib.prikazni [Пет Јан 17, 2014 1:23 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Новата патека за Супер Лига - Пливка 2014

da li ovaa voda ..posle natprevaruvanjeto ke bide otvorena za sloboden ribolov ?

АвторCOLON  g.cuculoski [Пет Јан 17, 2014 1:25 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Новата патека за Супер Лига - Пливка 2014

Moze da bide ama SAMO fati & pusti .

Страна 16 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/