http://makfax.com.mk/sport/domasen/pros ... o-hrvatska
Македонската репрезентација во Спортски риболов се врати од Светското првенство кое се одржа во Прелог, Хрватска.
Инаку оваа 61. Светско првенство се одржа од 7-14 септември 2014 година, а на него учествуваа 37 држави со свои екипи кои се натпреваруваа во дисциплината: Пливка (ловење на риба со јадица и пливка).
Македонската риболовна репрезентација беше составена од 11 члена, а претходно пред самите натпревари кои се одржаа во саботата и неделата на 13 и 14 септември, одработи и четири тренинзи на самата натпреварувачка патека.
Натпреварувачките денови 13 и 14 септември поминаа неизвесно со многу крупни примероци на уловена риба (претежно се ловеше Мрена и Скобал). После првиот натпреварувачки ден македонската репрезентација беше 20-то пласирана од вкупно 37-те репрезентации, но вториот натпреварувачки ден после невремето кое ја погоди Хрватска конечниот пласман беше 22-ро место во светот.
Вреди да се напомене дека овие членови од Македонската риболовна репрезентација кои учествуваа на 61. Светско првенство дадоа сè од себе доследно да ја претстават Република Македонија и Спортскиот риболов кој се негува кај нас.
Сепак оваа 22-ро место помеѓу 37-те репрезентации учеснички е и еден мал успех, имајќи предвид дека секогаш на претходните големи натпреварувања сме имале пласман помеѓу последните репрезентации.
Светскиот куп го освои репрезентацијата на Холандија, втора беше Чешка, а за третото место се избори репрезентацијата на Србија. Во индивидуална конкуренција Светски шампион стана Горан Радович-Гица од Србија. /крај/со/мф
Copyright 2014 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.