Mene me interesira kako ke se slika vratenata riba ako sam odis po ribolov. Na treva slikana ok ama kako ja pustam vo voda toa ic ne mi e jasno. So mene nosam samo telefon I tolku. Da ne treba da angaziram fotograf pa da me slika. Na mestata koj sto lovam obicno na Vardar retko se slucuva covek da vidam da ne recam skoro nikogas. Sum vikal kolegi ribari I cim slusnat kolku ima pesacenje odma otkazuvaat.
Ideava vi e super ama za mene licno tesko deka ke uspeam da napravam sliki od vratena riba. A da kupuvam specijalni kameri I da gi nosam so mene po riba nemam namera.
Dovolno mi e da si znam samiot deka sum gi vratil site ribi koi sum imal zelba da gi vratam.
Тие што се свесни рибари во делот на селекција и враќање на уловот или дел од уловот не им се потребни примери, ниту пак награди, мислам дека оваа иницијатива треба да повлијае бар минимално на оние кои сеуште не се свесни, а такви ги има многу многу повеќе од оние свесните. Ако на таа огромна популација на луѓе повремено во текот на годината им се појавуваат видеа со враќање на риби и честитки за таквите гестови, мислам дека еден дел од нив ќе се подразмислат следниот пат кога ќе имаат богат улов, или некоја убава риба. На 100 луге 10 да се подразмислат тоа е успех, или ако сакате на 1000 луѓе 100 да се подразмислат.
Во однос на докажувањето со слики не треба да биде во никој случај затоа што слика буквално ништо не покажува, пример ако на сликата ја држи рибата во вода прашање е дали воопшто ја пуштил, башка слика може да се монтира многу лесно. Мислам дека во опција за докажување треба да биде исклучиво видео, а тој што има телефон, а денес сите имаат, секој може да усними 30 секунди видео како ја пушта рибата, така што и да си сам јас не гледам толкав проблем