www.ribar.com.mk http://ribar.mk/forum/ |
|
Дишечки комбенизони http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=132&t=7183 |
Страна 1 oд 1 |
АвторCOLON | mesiah [Пет Maр 29, 2019 7:08 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Дишечки комбенизони |
Да сподели некој нешто повеќе за дишечките комбенизони. Колку слоја, типови на материјали, долна граница на хидростатски притисок, минимални дишечки карактеристики.... Има некои кај кинезиве со пристојна цена и убави зборови за нив на интернет... https://www.aliexpress.com/item/Outdoor ... st=ae803_3 https://www.aliexpress.com/item/waterpr ... st=ae803_3 |
АвторCOLON | saso [Нед Maр 31, 2019 6:56 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Дишечки комбенизони |
Ova ne e prizvod koj jas bi go kupuval od kinezive i toa na nevideno. Sepak se raboti za pproizvod koj prvo treba da go probas, da go vidis i proveris a i ne e bas eftina rabota od 3-4 dolari pa da si kazes ako ne go biva ke go frlam. |
АвторCOLON | Филип [Пон Aпр 01, 2019 8:21 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Дишечки комбенизони |
Еден колега купи ваков, го чинеше нов мобилен Друг колега има сличен, многу брзо почна да му пушта. Јас не би си играл. |
АвторCOLON | mesiah [Вто Aпр 02, 2019 1:34 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Дишечки комбенизони |
ОК. Тогаш ако можете напишете на што треба да се внимава при набавка и кои се минималните услови што треба да ги исполни. Од кои материјали препорачувате да биде направен...не ја штедете тастатурата. Каде ги има и колку чинат кај нас ? |
АвторCOLON | Филип [Сре Aпр 03, 2019 7:56 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Дишечки комбенизони |
Прво требаше ти да напишеш за што ти е потребен Кај нас, со пробување, има во Рибоцентар на Scierra, добар дишечки комбинезон. Исто има и во МакДам, 2-3 модели, добри се, имам користено Dam Exquisite, 3 слоен, лесен и добро дишечки. Зависи за што ти е потребно, тој од Scierra е подебел, мислам 4-5 слоја долу, 3 горе, ама е многу поиздржлив од Дамот. На пример, мене за мушичарење, повеќе ми одговара тој од Scierra за акање по река како Радика, а тој од Дам за пензионерско ловење на скопска Треска. И двата за 2-3 години ќе почнат да пуштаат на некое спојче, најчесто меѓу нозе, од триење. И тоа се оправа лесно со нанесување на дополнителна термо леплива трака. Од надвор, полн погодок се комбинезоните на Таимен (www.taimen.com), 5-6 слоја долу, издржливи, кога паѓаш на карпа, ногата ти се прави лом со рани внатре, а комбинезонот не се кине, испробано Од Таимен само STX-от не го препорачувам, бидејќи е ефтин и 3 слоен, а се друго од River Classic нагоре е одлично (5-6 слоја долу) Цените на Таимен ќе си ги видиш, во МакДам се движат од 9-10000 нагоре, а Scierra-та неам поим колку е, ваљда у ранг 150-200 €. Предноста кај кобинезоните од тука е што можеш да ги пробаш, мада на Таимен се одлично испишани сите мерки, така да треба чоек да е глуп да промаши (а имало и такви што носат М, а нарачувале ХЛ во кои пловеле) После тоа ќе ти бидат потребни кондури. Кај нас има во МакДам повторно, 2-3 типа, има со гума и со филц, гумата се лизга ако не и ставиш бар 10-12 штрафа, филцот е одличен за камења и карпи, ама ако треба да се качуваш со филц по земјана косина, може да има смеење. Најдобра комбинација е филц со штрафови, такви има во Дам. На Таимен скоро сите се со гума и штрафови, ги носат многу дечки кај нас. Во Рибоцентар мислам дека немаат во моментов кондури. А ако сакаш нешто поскапо и поквалитетно, кажи, ќе ти дадам и за тоа насоки. |
АвторCOLON | mesiah [Чет Aпр 04, 2019 12:27 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Дишечки комбенизони |
Одлично...информацииве ми се повеќе од доволни. Не ми треба за мушичарење, за фрлање по Вардар...спин или лов на бојник, ама овие неопренскиве ми се многу крути некако, како скафандер да носам, гумениот поти и не одговара...така да дишечкиве иако се поскапи се ваљда најудобни. Фала многу на инфо. |
АвторCOLON | Jelo [Пет Дек 27, 2019 5:01 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Дишечки комбенизони |
Здраво, Ме интересира дали некој нарачал до сега комбинезон и чизми од TAIMEN, и како прошол на царина? Сега гледам дека имаат мал попуст на некој модели SHISHKID ама немаат број што ми одговара. Филип не ги препорачува STX ама имаат пакет цена со кондури за 150 евра што ме влече да ги земам, ако некој ги користи овие нека пише какво искуство има со нив. Во буџет би ми биле и River и во тој случај можда би купил кондури од тука (да си ги пробам да ми легнат). Знам дека во МАК ДАМ имаат модели од DAM ама не знам какви се во споредба со TAIMEN. Колку што можам да видам DAM exuisite G2 се трослојни ( не знам точно кој модели ги има во МАК ДАМ) а цената е приближно иста со River кој доле би требало да е со 5 слоја. Имам опција да ги нарачам во ЕУ и да ми ги донесат, да се избегне царина. Почнав со спининг (болест) оваа година на Треска Скопје, често идам од 05-06 до 08:30ч сабајле пред работа плус викенди. Со високи гумени чизми некој делови не ми се баш достапни па размислувам да земам некој од овие комбинезони. Секоја препорака е добредојдена |
АвторCOLON | Филип [Пон Дек 30, 2019 11:11 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Дишечки комбенизони |
Riverot се добри и испробани, ги користеа повеќе мушичари, сите се задоволни колку издржаа. Разликата со Дам-от е што Дамот е полесен и потенок, овие се потешки малку, ама поиздржливи. |
Страна 1 oд 1 | Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2 |
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited https://www.phpbb.com/ |