АтачментиCOLON
Kamesa.jpg
Јас ја знам како Камеса по западно-македонско наречје, верувам во други делови на Македонија ја викаат и со друго име.
Исклучително практична алатка за отварање место и правење простор за камп, пред се во крапскиот риболов и пред се во диви и непристапни места. Многу поголема и потешка од нож, тежината и е слична на секира, со тешко и големо сечило кое обично варира помеѓу 30-40 сантиметри, со заоблен врв кој има одлична функција.
Тежината ја прави способна со еден замав лесно да се сечат гранки, трња и сл, а со повеќе замавнувања лесно се буткаат и некои помали дрва.
Заоблениот врв е особено битен за потсекување на капини и трња, нешто што не е изводливо со нож, секира или мачета, бар не така лесно, едноставно заоблениот врв се поставува во подножјето на растението и со повлекување кон себе и се сече во корен со еден потег.
Рачката може да варира од желбата и намената. Колку поголема рачка толку повисоко или подалеку ќе може да зафатите/засечете. Сепак подолга рачка носи и поголема тежина и посложена е за транспорт, така што најдобро е секој да си направи во зависност од потребата и да си проба колку може да му носи раката за да работи со неа без да му умре раката за 5 минути.
Камесите може да бидат со различна големина и можат да се најдат по пазарите низ МК. Јас ова лето тргнав со специјална намена да си купам или направам на Битпазар во Чаршијата во Скопје каде што прават лимени и железни работи. Таму има и веќе направени, но беа нешто помали од оваа мојата, со цена од 600-1100 денари. Мојава ја правеа по моја желба поголема и потешка од федер платно од кола и чинеше 1000 денари.
Јас сум ја користел како алатка и порано и мислам дека е одлична и дека може да се најде во многу случаи.