Од трите модела кои си ги навел како примери Спортерата е најстабилна машинка ( изработка, издржливост )!
Ако ти е за крапски риболов земи си најголемиот број , освен тоа резервните шпулни за Спортерата се на многу ниска цена па убаво е ако имаш финансиска можност да си купиш и резервни шпулни!
Чичко Васил, пишав и погоре, и јас така мислам (се додека не ми се избуричка се
), не за друго туку затоа што ја имам и стварно делува моќно, до сега никаков проблем (иако напоменав дека ја имам кратко време и не би можел да кажам „од искуство...“). Го имам најголемиот модел (6007), собира 0,45 - 250м, има две метални шпулни идентични и така натаму...
Конкретно, најниските цени по кои ги најдов во соседствово се ова:
1. Даивата за големина 5000 (0,40 - 230м) - 5300 денари - Megafishing.bg
2. Тиката за големина 6007 (0,45 - 250м) - 4200 денари - Megafishing.bg
3. Окумата за големина 60 (0.30 - 420м) - 4460 денари - Carpologija
Ако знаете каде може да се најдат поевтини и тоа би ми користело...
Ајде експерти, удрете со коментари на право место !