Rade Rusevski НапишиCOLON |
Даива и Шимано, имаат сериозен конкурент во опциите за сурф и крапски риболов.
Ова ако е конкуренција на Даива и Шимано , одма да ги затворат погоните !
Значи Пенн не е било кој во оваа индустрија. Не знам каде е правена оваа машинка, и во таа смисла неможам да тврдам за нејзиниот квалитет, како што тоа можам да го речам за пеновите кои ги поседувам а кои се made in USA. Но исто така, и Шимано и Даива имаат свои експозитури надвор од Јапан (Малезија, Кина?, и др.), и исто така имаат разлики во својот квалитет. На пример малите Стели целосно метални, од легура на магнезиум, се кршеа како грисини на спојот на дршката со телото на машинката. А и Даива имаше модели кои не беа со познатиот квалитет. Потоа, и овие два бренда во пониските категории вградуваат во внатрешноста механизми, кои се со прилично сомнителен квалитет, што не е со соодветен одговор во цената, и т.н.
Мојот коментар е даден само на основа на клипот што го видов, и стојам на се што е горе напишано. Како чест купец на риболовна опрема, имам и јас сериозни предрасуди од Made in China, па затоа купувам Шимана. Искрено се надевам дека потписот што Пенн го ставил зад овој модел, го ставил внимателно и гарантира за квалитетот, што вака од екран, остава впечаток. Уште еднаш, сметам дека оваа машинка со потпис Пенн, може да конкурира, споредено со цена и визуелен квалитет на некои сурф и пит машинки на Шимано и Даива, моето скромно мислење!