www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Саб Ное 23, 2024 4:57 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 123»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Стимулатор - џокер во мојата кутија
ТемаИспратеноCOLONНед Јан 12, 2014 12:28 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONЧет Aпр 28, 2011 5:51 pm
МислењаCOLON1321
ЛокацијаCOLONRåån
Сите ние криеме по некоја карта испод ракавот, мојот џокер е стимулаторот. Со текстов сакам да опишам некој мој искуства и размислувања за оваа мушица

Септемвриско попладе, ранците полни со храна и сите други намирници потребни за ноќта која беше пред нас. Се упативме со Илија према Vojmån, река која се наоѓа во северна Шведска во јужниот дел од областа Лапонија.
Локацијата не беше случајно избрана, пријателството со Маркус што го стекнавме на Ransarån беше причината за тоа. Несебично ни раскажа за своето тајно место каде се кријат капитални липањи и пастрмки и не покани на истото, нам воопшто не ни беше тешко да ја прифатиме поканата. Следниот ден Маркус не запозна со местото а при тоа и се збогувавме.
Попладнето ни беше испланирано за сува мушица а вечерта за стример.
Уморен од изминатите денови поминати покрај Ransarån, седнав прво да сварам кафе и поуживам во природата прибирајки ги мислите кој сеуште беа обземени со предходната река.

[ img ]

Илија немаше проблем со заморот и веднаш се фати за мушичарката. Варејки го кафето ја набљудував реката во очекување да видам некаква активност на површината. Бојата на водата поприлично темна но бистра, вероватно поради длабочината од три и повеќе метри а и многу разбранувана поради јаката струја и брзина со која тече во овој дел.
Станав да го повикам Илија на кафе а он веќе успеал да прелаже еден липањ.

[ img ]

[ img ]

Капитален примерок за оваа врста риба која наскоро по сликањето беше вратена каде што и е местото.

[ img ]

[ img ]

Ова не ме остави рамнодушен, набрзо уморот беше заборавен, кафето испиено а мушичарката спремна за зафрлање. Се решив за подебел подвез бр 0,20 мм поради брзината на водата како би избегнал кинења, изборот на мушица беше лесен. Кога се работи за сува мушица, Клинкхамерот има примарен статус кај мене, скоро секогаш почнувам и завршувам со неа.
Во ситуација кога не гледаме активност на површината би требале да започнеме со пократки зафрлања а потоа да напредуваме со се подолги како не би ја исплашиле рибата која ни е во близината.
Ја ова непишано правило го занемарив и веднаш пробав да ја префрлам реката небаре целата риба е од таа страна. Веднаш се соочив со фактот на брза и разбранувана река, едноставно не можев да си ја пронајдам мушицата. Колку и да се трудев да го пратам целиот нејзин лет и паѓањето на вода, она веднаш исчезнуваше од мојот видик. Почнав да зафрлам пократко и пократко и уште пократко, менував мушици се почесто но и ова не вроди со плод. Се потрудив да го пратам шњурот надевајки се дека на тој начин ќе успеам да видам евентуален удар. Но неможноста да се прати мушицата при лов на површина е во најмала рака фрустрирачки. Движењето на мушицата на површината на водата мора да биде природно онака како што ја носи реката, ако почне да прави лактови и неприродни движења непратејки ја струјата на реката резултатот ќе биде неуспех.
На крајот се решив да пробам и стимулатор, поради неговата големина знаев дека визуелниот контак ќе постои, но липањот е познат по својата пребирливост и дека најчесто се лови на #18ки и #20ки а мојот стимулатор е #8

Стимулаторот

[ img ]

Зафрлив во работ на најбрзиот дел о реката очекувајки удар во помирниот дел, овој пат на мое задоволство можев да ја пратам мушицата за целото време . Второто зафрлање малку повнатре во брзакот од кој со невероватна брзина и агресивност излета една риба и на мое задоволство го зема стимулаторот. Морам да признаам дека чуството беше како да сум освоил златна медалја на олимпијада. Илија дотрча и ми асистираше со кепчето. Брзо сликање и враќање назад.

[ img ]

[ img ]

Седнавме двајцата на камењната поред реката и се изнасмеавме гледајки ја големината на мушицата чудејки се на тоа дека липањ удри на неа. Почнавме да ги нагаѓаме причините и да ја анализираме случката. Брзо заклучивме дека водата е пребрза и предлабока и дека рибата нема многу време за анализирање на мушицата . Големината на пленот исто значи и повеќе протеини со помалку потрошена енергија поготово во вакви услови каде што водата е пребрза и каде што малиот плен може да значи повеќе потрошена енергија од таа добиената. Се присетив на скопска Треска каде што при пуштена вода имав улов на пастрмка на кадис врзан на јадица #8, се потсетив и на Словенија каде на огромна мајска од неколку см имав улов и две промашувања во слични услови при роење на мали кадиси.
Наеднаш сето ова стана логично. Решив да пробам друг стимулатор со слична големина кој веднаш вроди со плод. Го променив и него и врзав друг стимулатор со иста големина и повторно удар. Победнички дух ме обзема а на задоволството му немаше крај. Полека почна да се стемнува и време беше да се загрее шведско војничко гравче и да се собере снага за ноќта која беше пред нас исполнети од тоа што межевме да се поучиме од денешното искуство.

[ img ]

Што е стимулатор и што имитира

Стимулаторот по правило е голема сува мушица. Опавчето е од елен или лос, телото е направено од две бои кој се контрас една со друга, пример жолта со црвена и слично. На телото има намотано хакел не многу густо а крилото е масивно и е исто така од елен или лос. Лосовото крзно е подобро од од она на еленот затоа што подобро залегнува и останува поправо за разлика од еленот кој се подига.
После крилото, повторно се намотува хакел само овој пат доста густо и во голем обем. Сето ова го прави стимулаторот многу пловен.
Примери на стимулатор

[ img ]

[ img ]

Стимулаторот може да имитира се. Од земјени инсекти, бубачки и скакулци до големи кадиси камењарки и слично. Секој љубител на сувата мушица треба да ја има во својата кутија како џокер. Во дадени услови може да биде добитна комбинација кога ништо друго не функционира.
Дефинитивно во прва прилика ке ја пробам на Треска на пуштена вода. Мислам дека најуспешни периоди за неа би биле раната пролет пред масивните роења и есента кога роењата стивнуваат

_________________
[ img ]
I'm the tower of power, too sweet to be sour. I'm funky like a monkey. Sky's the limit and space is the place! Oooh yeah


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Јан 12, 2014 1:13 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПет Maр 04, 2011 10:01 pm
МислењаCOLON2305
Super lekcija.
Iako vo tvojte primeri Stimulatorot e nekakva varijanta za Caddis ne sekogas e pravilo.Mene stimulator koj mi se pokazal kako dobar na Radika bese napraven od paun so hakel na glavata i na gzot.Ke se ubijam ama vo momentov ne mi teknuva kako se vikase musickata. :head_bang:

_________________
Podobro da si sam, otkolku da ne si so site


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Јан 12, 2014 1:56 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONЧет Aпр 28, 2011 5:51 pm
МислењаCOLON1321
ЛокацијаCOLONRåån
Da ne se prefrli na atraktor musica ? Stimulatorot e bas kako sto go opisav, atraktorot moze da bide bilo kakov. Po opisot, tvojata musica bi trebala da e kocijas

[ img ]

_________________
[ img ]
I'm the tower of power, too sweet to be sour. I'm funky like a monkey. Sky's the limit and space is the place! Oooh yeah


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Јан 12, 2014 11:36 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПет Maр 04, 2011 10:01 pm
МислењаCOLON2305
Nemislev na kocihas. Sega ke ti ja slikam. Inace sto e razlika pomedju atraktor i stimulator?

_________________
Podobro da si sam, otkolku da ne si so site


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Јан 12, 2014 11:52 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПет Maр 04, 2011 10:01 pm
МислењаCOLON2305
[ img ]

_________________
Podobro da si sam, otkolku da ne si so site


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Јан 12, 2014 11:53 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПет Maр 04, 2011 10:01 pm
МислењаCOLON2305
ilija НапишиCOLON
Nemislev na kocihas. Sega ke ti ja slikam. Inace sto e razlika pomedju atraktor i stimulator?
Ako ima razlika togas e izvesno deka stimulator e toa sto ti go opisa ;)

_________________
Podobro da si sam, otkolku da ne si so site


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Јан 13, 2014 12:05 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONЧет Aпр 28, 2011 5:51 pm
МислењаCOLON1321
ЛокацијаCOLONRåån
Stimulator e imeto na musicata so recept za vrzuvanje. Moze da variraat boite na dabingot ili hakelot ali ne i postapkata ili izgledot.
Kako sto sekoja nimfa ne e zajce ili fazan.
Atraktori se musici sto ne se imitacija na nekoja prirodna. Na primer fazanot, ili kaj strimerite wooly bagerot ili kaj suvite kocijasot.
Znaci stimulatorot ne e grupa na musici nego ime na odredena a atraktori se grupa na musici.

_________________
[ img ]
I'm the tower of power, too sweet to be sour. I'm funky like a monkey. Sky's the limit and space is the place! Oooh yeah


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Јан 13, 2014 12:06 am 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONВто Ное 08, 2011 12:17 am
МислењаCOLON10473
barvo kolegi so ubavo si raZGOVARAte ;) ;)

_________________
http://www.carpologija.com/


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Јан 13, 2014 12:37 am 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Ное 12, 2010 9:34 am
МислењаCOLON1930
Atanasovski НапишиCOLON
Stimulator e imeto na musicata so recept za vrzuvanje. Moze da variraat boite na dabingot ili hakelot ali ne i postapkata ili izgledot.
Kako sto sekoja nimfa ne e zajce ili fazan.
Atraktori se musici sto ne se imitacija na nekoja prirodna. Na primer fazanot, ili kaj strimerite wooly bagerot ili kaj suvite kocijasot.
Znaci stimulatorot ne e grupa na musici nego ime na odredena a atraktori se grupa na musici.
Интересн муабет помеѓу “поранешен“ и “сегашен“ ... :lol: :lol: а другари :lepi:

_________________
Бора Чорба....“Како је лепо бити ГЛУП, О како је лепо бити ГЛУП“ ..


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Јан 13, 2014 12:41 am 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Дек 08, 2010 10:34 pm
МислењаCOLON1072
ЛокацијаCOLONskopje
ubava reportaza bravo momci,znaci umetnost e da se fatis za vistinskata musicka vo kutijata,a denovive ke slikam nekoi od mote stimulatori i sliki ke postavam.

_________________
...?


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 123»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 3 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum