Чувај си ја таа трска, сигурно е бамбус, вреди многу повеќе од денешните, купи си нова ефтина и пафтај со неа.
Мушици купувај во Трофеј (таму носи Игор), ама треба често да поминуваш и да начекаш добра тура, не секогаш има.
Тие на пазар што ги врзуваат и продаваат не ги купувај, мене не ми фаќаат око ич, а и тешко дека ќе најдеш некоја добра, освен стандардните зулу и ред таг, или по некоја мравка. Види и во Рибарски приказни, имаат доста на лагер, ама претежно кленски и суви, “нимфите“ не ги гледај ич. Има и кај Жаре во Марти спорт некои вуници, може да се најде по некој фазан и гамарус, ама поретко. Суви колку сакаш. И кај Перо спроти Бит пазар се наоѓаат фини мушици, имаш и добри летни за клен, штурци, вилински, бумбари, оси и сл.
Ако сериозно сакаш да учиш да мушичариш, земи си ефтина опрема за почеток (машинка 400-500 ден, стап 1200-1500, шнур 800, предвез 90) и ќе се најдеме негде да вежбаме заедно