Трската набрзина ја погледнав во живо и не се сеќавам точно на моделот кој беше, кај еден пријател што ја донел од САД, по грешка а инаку 6-ка класа е мислам ја гледав пред 2 недели и уште размислувам, инаку ја држев во рака и лежи невероватно добро а и бланкот и другите делови изгледаа онака ОК мислам квалитетно, инаку 4 делна е и е со навлаки за деловите и тврд тубус. Најмногу што ме грижи е тоа што е класа 6 затоа што на мене искрено за клен незнам дали ќе ми врши работа затоа што пастрмки немам кај да ловам моментално. Се заинтересирав затоа што ми ја даваше многу поволно. За цената нема да коментирам затоа што ме замоли да не ја кажувам. Онака ставив тема доколку некој користел да ми каже какво е искуството.