Повеке ке си се попалел ако си бил на река и си фатил рипче две.
Мушичарски стап, малку подолг, 2,70 метри па нагоре, може и пократки ама на езеро треба подолги зафрлувања.
Шнур - тонечки за на езеро би ти препорачал ама може и пловечки.
Лидер конусен (тонечки-пловечки)
Типет-флуоркарбон или монофил
Мушички - по избор ( имаш и посебни за на езеро ги прават ама и другите ке ти завршат работа)
Макара - за почеток не мора да е којзнае каква.
Мушичкарењето на езеро е поинакво, правото доживување е на река. Кога ке го влечеш шнурот можеш околу рака да го намотуваш или да пага доле. Ако не си навлезен во вода ке пага на земја и можеш да го згазиш или да се налепи пеок или камчиња па при фрлање да ти го оштети шнурот или окцата. Можеш за на езеро мала корпа кај појасот да имаш и тука да го собираш во кругови. Ова, како и собирањето на рака може проблеми да ти ствара бидејки ке се формираат мали чворчиња, преклопи, и знае да кочи при исфрлување на шнурот. Доброто при зафлување на езеро е да се научиш да фрлаш и да се прилагодиш на опремата, јас првин почнав во патеката во двор, па на ливада и после на река. Не се откажувај ако скинеш и умрсиш, а ке ти се случува тоа многу на почеток а и подоцна, никој не е совршен. Можеш да почнеш на езеро, ама топла препорака моја ти е на река да одиш кога ке запролети, ке го видиш меракот кој е немерлив кај едно мало кленче или пастрмка, камоли некоја поголема риба.
А да не заборавам, јас не носам, ама земи си и кеп за кога ке дојде капиталецот