www.ribar.com.mk
http://ribar.mk/forum/

Избор на мушичарка
http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=121&t=1684
Страна 17

АвторCOLON  Atanasovski [Саб Феб 11, 2012 7:07 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Избор на мушичарка

Доколку прашаме 15 луге, која риболовна опрема е најдобра, ке добиеме 15 различни опции. Изборот на мушичарка е можеби уште поделикатен.Мушичарите се често пребирливи и заљубени во својте мушичарки. Многумина ја гледаат мушичарката како животен споарник и како таква, сакаат да ја имат најдобрата. За да дојдеме до прав избор, треба прво да ги знаеме различните карактеристики поточно особини кај мушичарските трски.

За што ке бидат користени
Првото нешто што треба да го имаме на ум, каде и каква риба ке ловиме. Дали тоа ке биде поточна пастрмка на некое поточе или поголеми пастрмки на некоја река. Можеби и комбинирано од двете предходни опции. Прв фактор сто треба да го запазиме е големината на реката или потокот,потоа следува големината на мушиците кој ке ги користиме и на крај големината на рибата која планираме да ја ловиме. Големината на мушичарката влиае при зафрлањето и при самата борба со рибата.
[ img ]
Знакот #
Цврстината или ја ке ја наречам класата на една мушучарка се означува со знакот # и бројка. Пример #5.Ова исто така означува со која тежина или која класа ке биде шњурот. Значи трска од калсата #5 користи соодветен шњур кој е исто означен со бројката 5. За разлика од мушиците каде што помал број значи поголема мушица, кај мушичарките е обратно. На пример мушичарка означена #3 се користи за потоци со мали пастрмки додека #12 за големи реки при лов на големи лососи. Најпопуларна "all-around" мушичарка е #5-6, со неа ке можеме да го покриеме целото пастрмско мушичарење. Повекето мушичари кој ловат поголеми пасрмки или помали лососи се одлучуваат за #7 до #9.
Друга бројка на која треба да обрнеме внимание е должината која е изразена во "Fut". Мушичарките со должина од 9фута се најкористени.Со трска од оваа должина, можеме да зфрламе далеку без да се замориме и имаме добра контрола над шњурот при водењето на мушицата. Доколку ловиме на мали потоци со богата вегетација, оваа должина би не фрустрирала поради недостатокот на простор за маневрирање. Во вакви случаи најчесто се користат трски со должина од 8 до 7 фута а може и пократки. При мушичарење на големи реки се користат подолги мушичарки од 9ки,10,11,12 и 13ки како би можеле да добиеме подолго зафрлање и подобра контрола при водењето на мушицата.
[ img ]
Акција
Различни производители ја нарекуваат акцијата кај својте трски различно. Повекето производители имаат 4 класификации, но сето тоа се базира на исти концепт. А тоа е степенот на виткањне на трската при зафрлање. Акцијата би ја поделиле вака. Брз "fast",
Средно брз "medium fast" и Спор "slow".
Брз
Мушичарки со брза акција се оние на кој само врвот се превиткува при зафрлање. Овие мушичарки се одлични за зафрлање подалеку и при ветер. Ствараат потесни лактови при зафрлање и со самото тоа поголема аеродинамичност кај шњурот. Безпрекорни за шњуреви од типот"shooting head" како и за "double-hauling" техика на зафрлање. Вистински бисери за еден искусен мушичар. како и да е, брзите мушичарки не се препорачливи за почетници, тешки се за учење затоа што и најмалата грешка при зафрлањето се одразува драстично.
Средно брзи
Оваа акција е најпопуларна.Акцијата на овие мушичарки е негде на средината на трската. Одлични трски за почетници, но овие се и чест избор кај искусните мушичари.Грешките при зафрлање не се одразуваат како кај брзите трски и нудат голема прецизност. Како и да е, со нив не ја постигнуваме истата далечина како кај брзите и ветерот ни ствара повеке проблем во споредба со предходните.
Спори
Ови се виткаат уште од самата дршка, и овие мушичарки се во изумирање. Штета, затоа што се одлични за мали потоци. Со нив , не постигнуваме големи далечини, али они не се ни потребни при лов на потоци. Овозможуваат понежно зафрлање кое е потребно на вакви места.
Производители
Сите познати производители денес произведуваат одлични трски. Една важна работа бри избор на мушичарка е да запазиме кој од производителите нудат доживотна гаранција. Повекето сериозни производители денес, нудат ваква гаранција. Доколку трската ни се скриши при борба или ја искршиме затварајки ја вратата од колата, производителот ке ни го замени тој дел. Ова не е чудно ако го знаеме фактот дека една ваква гаранција е однапред израчуната во цената на мушичарката.
Препораки
Овие нека ви бидат како појдовна точка при избор. За мали потоци препорачливи се мушичарки #3 или #4 со спора акција.
За реки, #5или#6. (овие предлози се за условите кој ги имаме во МКД)
Доколку ја се одлучам за само една трска и при тоа воглавно би ловел на Треска и понекогаш на Радика, онда мојот избор би била мушичарка од 9'ft #5.
[ img ]
Со неа би можел да зафрлам од најмали нимфи до просечни стримери не многу отежнати. Доколку е потребно и подолго зафрлање, со оваа трска би можеле да го изведеме без проблем.
За различните типови на мушичарки има уште многу да се пишува.Со овој текст сакав само да дадам вовед во оваа тема и да им олеснам малку при избор на мушичарка на оние кој размислуваат да започнат со овој вид на риболов.

АвторCOLON  Филип [Нед Феб 12, 2012 1:31 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Избор на мушичарка

Атанасовски, пријатно сум изненаден, посебно од кирилицата :)

Одличен текст кој и те како ми требаше кога ја купував мојата мушичарка

АвторCOLON  Atanasovski [Нед Феб 12, 2012 1:38 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Избор на мушичарка

Фала Филип. Во текстов фалат уште многу работи кој треба да се дообјаснуваат, али како за почеток е ОК.

АвторCOLON  Stole [Нед Феб 12, 2012 1:45 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Избор на мушичарка

Браво Атанасовски...јасно, прецизно, концизно...уште еднаш браво

АвторCOLON  ilija [Нед Феб 12, 2012 2:13 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Избор на мушичарка

Super
So sliki meraci.
Edna informacija koja ke bide od korist e da pises kolku sm e eden fut

АвторCOLON  nemagreska [Нед Феб 12, 2012 10:50 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Избор на мушичарка

Е ова е тоа што го барав цело време, благодарам Атанасовски. Се надевам дека ќе продолжиш да пишуваш и за шњур, макари и мушици. Вакви текстови се од голема помош за нас почетниците. Бистро

АвторCOLON  setavv [Нед Феб 12, 2012 12:00 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Избор на мушичарка

Atanasovski, ne prosvetluvas, bravost za trudot.

АвторCOLON  jordan1223 [Нед Феб 12, 2012 11:11 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Избор на мушичарка

Одличен текст ти благодарам за информациите кои веке не треба да ги бараме насекаде

АвторCOLON  Atanasovski [Пон Феб 13, 2012 8:35 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Избор на мушичарка

ilija НапишиCOLON
Super
So sliki meraci.
Edna informacija koja ke bide od korist e da pises kolku sm e eden fut
9ft.=274cm. Значи 1ft.=30,4cm

АвторCOLON  kire [Пон Феб 13, 2012 8:41 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Избор на мушичарка

Убаво напишано,со вакви текстови и ние кои имаме многу мал контакт со ваков вид на риболов,ке имаме претстава што и како во риболовот со мушичка :D

Страна 17 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/