Во последно време, покрај веќе проверените Airflo, Cortland, Rio и други брендирани шнурови, почнавме да користиме и ефтини шнурови од Кина, кои по своите карактеристики и квалитет не заостануваат воопшто зад брендираните шнурови.
Значи, исти или слични димензии на деловите од шнурот, односно на главата, на running line-от, на “типетот“ напред итн. Направени од ПВЦ како повеќете брендирани шнурови (со иклучок на Аирфло кои користат полиуретан за обвивка наместо ПВЦ, трае многу подолго пред да почне да пука).
Цената на овие шнурови е смешна за разлика од брендираните, се работи за цени од 7-8-9-10 долари со бесплатна достава до Македонија. Плус, сите имаат loop-ови од двете страни за полесно и побрзо менување на лидерите, без користење на конектори.
Јас користам два, #5 и #3 и сум задоволен од квалитетот. Емил веќе цела година користи исто една #5, а знам дека веќе нарача нов. За таа цена, со просечно излегување на вода во текот на годината, без проблем ќе се лови најмалку 2 сезони со шнурот пред да почне да пука пвц-то. Брендираните шнурови траат исто по 2-3-4 години без да испука обвивката, но цената им е 3, 4 па и 5 пати повисока.
Топла препорака и за овие, се изработуват во класи од 3 до 8, што ни ги покрива генерално сите потреби во Македонија