...dali Striker 4dv e isto sto i Striker 4cv...
Исто е...
Ако сакаш да повлечеш паралела помеѓу Garmin STRIKER 4dv и Lowrance (да имаш downview или sideview опција што е исто) треба да гледаш Lowrance HOOK 4x DSI (000-12641-001) модел кој има сонда која дава downview приказ.
И јас се мислев помеѓу овие модели и на крај земав Garmin STRIKER 4dv поради тоа што има во однос на Lowrance HOOK 4x DSI дополнително GPS опција и мери брзина, ако нешто ти значи...а и ми беше поедноставно да го набавам
Според мене во основа и двата користат CHIRP технологија и тоа ти е најбитно за приказ на дното...другото се ситници, разликата ти ја кажав...што и да земеш нема да згрешиш
НАПОМЕНА: споредбата ти ја правев помеѓу Garmin STRIKER 4dv и Lowrance HOOK 4x DSI (000-12641-001) (тоа DSI е многу битен податок)