Томос 4 го имам веке 1,5год.од кога го имам секогаш ми го јавува истиот проблем,ја пробива свекицата.
Ке работи убаво 2 часа и ако го изгаснам не пали повеке,смени му свекица ке запали,ке повози малку па ке ја пробие свекицата.Купив Супер Босна свекици,па НГК ,Бош и не знам уште колку различни.
Го носев кај тројца мајстори и сите истиот моабет,бонбона ти е ,работи како саат,пали на втор заб...
Од мое познавање мислам дека или е кондезатор или бомбина,земав денес го растурив комплет.
Ја извадив бомбината и видов дека е распукано телото,мислам дека тоа е причината што дава лоша струја и
ги пробива свекиците.
Прашањето ми е,каде може да се најде квалитетна бомбина и кондезатор или оргинал?
И дали некој имал вакво искуство и дали има уште нешто што може да прави проблем?