www.ribar.com.mk http://ribar.mk/forum/ |
|
Прашања од почетници во мушичарењето http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=119&t=5823 |
Страна 1 oд 1 |
АвторCOLON | emil.matoski [Пет Aпр 17, 2015 7:05 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Прашања од почетници во мушичарењето |
Не најдов ваква тема, па ај јас да ја отворам. Ме интересира нешто во врска со лидерот. Со пократо лидер подобро фрлам и попрецизен сум. Што ако користам пократок лидер, кои се лошите моменти со тоа? |
АвторCOLON | Филип [Чет Сеп 15, 2016 8:57 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Прашања од почетници во мушичарењето |
Повеќе ја плашиш рибата, што е поблиску шнурот, при пад во водата прави поголема бука. Затоа на побистри реки се користат лидери од минимум 3 метри, а на некои рекички каде што рибата е многу попретпазлива се лови и со лидери од 5-6 метри. Со тек на времето ќе научиш да фрлаш со сува и со 4 метри лидер онаму каде што е потребно во даден момент |
АвторCOLON | Филип [Пет Aпр 07, 2017 7:58 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Прашања од почетници во мушичарењето |
За добро зафрлување е потребен тренинг. И тоа не два викенда, туку малку подолго. За добро да зафрлиш, лидерот треба да ти биде конусен и правилно споен со шнурот, а не врзан на шнурот. Трската ти е стара, но може да послужи, посебно за сува мушица, овие трски се меки и убаво зафрлуваат. Прашање е во каква состојба ти е шнурот. Ако е многу крут и оштетен, ич не пробувај со него. Убаво е некој поискусен да ти го склопи системот за почеток и да ти ги покаже основите. Може да се договориме деновиве, да ти одржиме една едукација некаде, ако си расположен да ја учиш оваа техника. Се сеќавам кога јас прв пат земав мушичарка и отидов на Треска да пробам да фрлам, имав се купено, но не знаев како точно да го спојам. Марјан, кој ме научи да мушичарам, ми рече “ајде склопувај, што чекаш“. Се сеќавам, мојот одговор беше “немам лаптоп, помагај“ |
АвторCOLON | VlatCo [Пет Aпр 07, 2017 3:21 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Прашања од почетници во мушичарењето |
Мислам дека кај FF многу е потешко теоријата да ја реализираш во пракса за разлика од другите начини на рибарење особено ако немаш никој да ти покаже и укаже што е правилно а што погрешно. Кој е добар шнур, а кој не чини и многу други работи. Ајде ако некој е расположен да го "изгуби" денот во објаснување и подучување нека пише да се организираме. Да го искористам постов да прашам кој има вишок комплет за мушичарење да ми понуди. За почетник и половен мислам дека ќе ми заврши работа да не се залетувам одма |
Страна 1 oд 1 | Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2 |
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited https://www.phpbb.com/ |