Да ја актуелизирам темава со сменет наслов т.е. година. Годинава не успеавме, можеби догодина ќе успееме
Нека стои темава отворена од сега, за да може секој заинтересиран да даде свое мислење или сугестија, која јас како член на УО во МРФ ќе ја пренесам до натпреварувачка комисија во однос на мушичарскиот куп кој ќе се одржи наредната година.
Првичната замисла за која е разговарано е мало унапредување на организацијата на купот, да биде од типот на јадранско-подунавски куп, однос од 3 или 4 кола во два дена. Двата дена не мора да се еден по друг, односно сабота и недела, туку може да бидат во два различни викенди. Идејата е да се добие поголема веродостојност на резултатите, односно секој да има шанса доколку не му тргнало во прво коло, да може да го поправи својот резултат во наредните 2-3 кола.
Секако, за учеството во таков случај би се плаќало и одредена котизација со оглед на ресурсите кои треба МРФ да ги потроши. Трошоците се пред се за судиите и организацијата. До сега МРФ не бараше котизација за 3-те државни купови кои беа организирани, а следуваше и ручек на сметка на МРФ. Котизацијата не би била висока како кај пливкарите и крапџиите, но сепак би постоела.
Купот се планира да се одржи во периодот мај-јуни, во зависност од водостојот и можностите за успешен риболов. Барем едно од колата ќе биде во доцните пладневни часови, на пример од 4 до 7 или 5 до 8, во зависност од периодот и времето на зајдисонце, а во тоа коло би се ловело исклучиво на сува мушица. Може да се договориме и организаторот да набави исти чуварки за сите учесници, како што беше случајот на Тара, доколку има поголем број на пријавени учесници, за да не се зголемува многу бројот на судии што би ја подигнало и висината на котизацијата.
Секако, победниците и 4-тото место се стекнуваат со право да одат на јадранско-подунавски куп (Балканско) кој наредната година ќе се одржи во Бугарија.
Сега за сега тоа имам да напишам како план, ве замолувам сите доколку имате предлози, сугестии и слично, напишете ги овде, а јас ќе се погрижам се да биде пренесено до натпреварувачка комисија на МРФ.