www.ribar.com.mk http://ribar.mk/forum/ |
|
Државен мушичарски куп 2018 http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=119&t=6454 |
Страна 2 oд 4 |
АвторCOLON | Филип [Пон Сеп 19, 2016 1:28 pm ] | |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Државен мушичарски куп 2017 | |
Filip ,kaj nas posle tri saati isprzena ke bide,go zabole koe mesto ke bide
Не е точно, мушичарите во МК на натпревари се секогаш фер и коректни, така да нема потреба од грижа околу уловот кој е во чуварката.
|
АвторCOLON | Tvrdko [Чет Сеп 22, 2016 4:01 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Државен мушичарски куп 2017 |
Zoshto Radika,zoshto ne Kadina ili druga reka? |
АвторCOLON | Филип [Чет Сеп 22, 2016 11:42 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Државен мушичарски куп 2017 |
Улoв и пoзиции. Плус е нaјубaвa oд сите |
АвторCOLON | Tvrdko [Пет Сеп 23, 2016 12:21 pm ] | |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Државен мушичарски куп 2017 | |
Улoв и пoзиции. Плус е нaјубaвa oд сите
Za ubava da,za ulov?(na Treska 3 podobro pominuvate)a i karaormanskite reki ne se loshi,Belichka isto vi e ubava.
|
АвторCOLON | Филип [Пет Сеп 23, 2016 12:43 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Државен мушичарски куп 2017 |
Да бе, Треска у ѓубрено... |
АвторCOLON | Tvrdko [Пет Сеп 23, 2016 12:49 pm ] | |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Државен мушичарски куп 2017 | |
Да бе, Треска у ѓубрено...
Najmnogu riba na Treska 3 vadite site frchkalisti.Zoshto gjubre?-pa ochistena e,nekolku akcii za chistenje imashe i plus so bageri kaj prikolkite chistele.Belichka vi e najdobra za frchkanje,plus imate povekje vrski na pastrmki i podobro za bodovi. :saso: |
АвторCOLON | spiro_jas [Вто Сеп 27, 2016 11:04 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Државен мушичарски куп 2017 |
на шум е нај добро - старата добра бара никого нема да изневери |
АвторCOLON | Kremenadla [Саб Oкт 01, 2016 8:55 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Државен мушичарски куп 2017 |
Јас мислам комбинација Радика и Треска би било одлично. |
АвторCOLON | Филип [Пет Maр 24, 2017 3:07 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Државен мушичарски куп 2017 |
Пријавувањето за купот/лигата е во тек. Во зависност од бројот на пријавени учесници ќе се одржи куп во еден ден (под 10 пријавени) или “лига“ по теркот на балканско, односно 3 кола во 2 викенда, од кои едното коло исклучиво на сува мушица. Терминот за купот е 28.05, а вториот датум во случај на лига е 04.06. ПРАВИЛНИК 1. Право на учество на куп натпреварите во организиранизација на МРФ, имаат сите РЗК членки на МРФ, кои навремено го извршиле пријавувањето, поседуваат решение за дејност спорт издадено од Агенција за млади и спорт, уплатиле котизација за натпреварот (доколку има котизација) како и членарина за тековната година на жиро сметка на МРФ најдоцна 7 (седум) дена пред почетокот на натпреварот на кој ќе учествуваат. 2. Сите натпреварувачи мораат да бидат регистрирани спортски риболовци и да поседуваат спортска легитимација пред почетокот на натпреварите за тековната година, согласно правилникот за регистрација на МРФ. Нерегистрираните членови немаат право на настап. 3. За издавање на спортска легитимација секој натпреварувач, до Македонска Риболовна Федерација треба да поднесе: • Договор со РЗК членка на МРФ која има Решение за вршење дејност спорт издадено од органот на државната управа надлежен за работите од областа на спортот (Агенција за млади и спорт); • лекарско уверение од Спортска медицина и • лично спортско осигурување. 4. За натпреварот ќе бидат ангажирани тројца судии, еден главен и двајца секторски. 5. Организацијата на натпреварот и пресметувањето на резултатите ќе биде според Правилата за натпревари во спортски риболов. 6. Дозволен прибор: Два мушичарски стапа, едниот за употреба, а другиот за резерва, две макари, шнур по избор на натпреварувачот, лидер (пловечки или тонечки), кепче, вештачки мушички кои ке се употребуваат без додавање на вештачки ароми и мириси. 7. Дозволено е зафрлување со една трска со една вештачка мушичка. 8. Употреба на живи мамки и било какви други ненаведени мамки се забранети. 9. Забрането е зафрлање со кое би се попречило на друг риболовец во соседната позиција и забрането е зафрлување во туѓа позиција. 10. Забрането е вадење на риба надвор од вода на суво, камен и сл. 11. Секој натпреварувач се обврзува на пристојно и коректно однесување спрема природата, рибите, натпреварувачите, судиите, организаторите. 12. Секое нехумано однесување спрема рибите, оштетување или умирање по вина на натпреварувачот ке биде соодветно санкционирано од судијата на натпреватор. 13. Доколку се доделува награда за најголема уловена риба, најголема риба ќе се смета рибата која ќе има најголема должина при мерење од страна на судиите, а во конкуренција се сите натпреварувачи вклучувајќи ги и оние натпреварувачи што ги освоиле првите 3 (три) места. 14. Бодувањето ќе се врши по должина на рибата и по бројот на уловени риби, согласно следните пропозиции: • Секоја уловена риба пастрмка носи 10 поени на натпреварувачот • Секоја уловена пастрмка се мери должината и 1 см = 1 поен (Пример: ако натпреварувачот има уловено две пастрмки од 20 и 25 см, се бодува на следен начин: 2 риби х 10 поени = 20 поени, 1 пастрмка од 25 см х 1 поен = 25 поени, 1 пастрмка од 20 см х 1 поен = 20 поени. 20 + 25 + 20 = 65 поени за тој натпреварувач). 15. Рибата се мери од врвот на главата до најдолгиот дел на опашката. 16. Должината на рибата се заокружува на поблискиот цел број. На пример 23.3 см се заокружува на 23 см, а 23.6 см се заокружува на 24. Во случај на пола број тогаш се заокружува на поголемиот.Пример 23.5 см се заокружува на 24 см. 17. Минимална потребна длабина на водата на позиција е 15 см. 18. Ширина на натпреварувачката позиција треба да биде 20 метри. Во одредени случаи ширината на позицијата може да се намали на минимални 18 метри. 19. Во еден сектор не смее да има прекин помеѓу позициите, а бележењето на истите го врши комисија од МРФ, а контролата на позициите ја вршат секторските судии. 20. Патеката за натпревари не смее да се порибува во претходните месец дена пред одржување на натпреварот. 21. Патеката се дели на два сектора. Секој сектор се обележува. Сите позиции во секторот се обележуваат на почетокот и крајот со натпреварувачки бројки. Во зависност од бројот на натпреварувачи, може да се оформи и дополнителен трет сектор. 22. Натпреварувачите кои во првото коло ловеле во првиот сектор, во второто коло ќе ловат во вториот сектор и обратно. За третото коло распоредот ќе се одреди со ждребка. 23. Секој натпреварувач мора на листата за мерење да го запише секторот и позицијата. 24. Распоредот по позиции и сектори се извлекуваат со ждрепка пред секое коло. 25. Натпреварот трае 3 пати по 3 часа, односно 3 кола по 3 часа, со пауза од 1 час помеѓу колата кога се организира и ждрепката за второто коло. 26. Во второто коло се лови исклучиво на сува мушица за цело времетраење на колото. 27. На натпреварот се бодува само пастрмката. За важечки улов се смета риба со минимална должина од 20 см. Другите уловени риби не се бодуваат и веднаш се враќаат во вода. 28. Натпреварувачот мора да ја извади уловената риба од вода со кепче. Доколку судијата е во близина, веднаш се врши мерење од страна на судијата и рибата се враќа во вода. Доколку судијата не е во близина, натпреварувачот има право да ја стави рибата во платнена чуварка до доаѓање на судијата. Кога ќе дојде судијата за мерење, натпреварувачот ја изнесува рибата во кепче или чуварка на обала и таму судијата го врши мерењето. Потоа рибата се враќа во вода, освен доколку има поголеми повреди и судијата оцени дека рибата не треба да биде вратена назад. 29. Натпреварувачот не смее да завлегува во соседните позиции. Дозволено е влегување во вода, највеќе до 1/2 од ширината на реката на позицијата. 30. Доколку рибата при вадењето премине во соседната позиција, натпреварувачот има 5 минути да ја извлече рибата до својата позиција. Натпреварувачот не смее да завлезе на соседната позиција со цел да ја извади рибата. 31. За важечки улов не се сметаат риби доколку: • рибата се прифати со рака и во рака се однесе на мерење; • рибата е закачена за телото, а не за устата; • ако рибата не е извадена со помош на кепче; • ако рибата е уловена и извадена надвор од позицијата; • ако рибата е уловена со неадекватен прибор со употреба на индикатор; • ако рибата е уловена при риболов со повеќе од една вештачка мушичка. 32. Дозволен риболовен прибор: • мушичарски стап со максимална должина од 10 ft / 305 см; • макара по слободен избор; • шнур по слободен избор, минимална должина 22 метри; • предвез (лидер+типет) по слободен избор, не подолг од 2 должини на мушичарскиот стап со кој се лови, а истиот може да биде пловечки или тонечки, без додадено отежнување во форма на олово и слично. Лидерот може да биде и домашно изработен, односно направен од повеќе парчиња на монофил со различна боја, но не смее да има големи чворови или “бркови“ од конците на чворовите кои би играле улога на индикатор; • вештачка мушичка по слободен избор, која може да биде и отежната по сопствен избор, но со метална кугла на главата не поголема од 4 мм; • микро прстен за поврзување на лидер и типет со максимален дијаметар од 2 мм; • чизми/пантолони со ногавици/комбинезон; • мушичарски елек; • кутии со мушички; • поларизирачки наочари; • кепче. 33. При риболовот не е дозволено: • користење на индикатор (лидер од домашна изработка во повеќе бои не се смета за индикатор, доколку нема бркови на чворовите и е изработен ислучиво од монофил, а не смее да има делови од бекинг/плетеница или друг синтетички материјал, со тоа што секој поединечен дел не смее да биде пократок од 50 см); • користење на отежнување на шнурот или лидерот (олово и слично); • користење на вештачка мушичка со кугла за отежнување поголема од 4 мм (Се зема во предвид отежнување од тунгстен или месинг. Доколку се работи со стример кој има две кугли во форма на очи, истите да се не поголеми од 3 мм секоја. Стримерите и мушиците кои користат отежнување од епоксид не се ограничуваат на 4 мм). 34. Натпреварувањето се врши исклучиво со 1 вештачка мушичка. 35. Натпреварувачите не смеат да користат сонари или слични помагала за одредување на длабината на водата или пронаоѓање на рибата. 36. Кепчето кое ќе се користи за вадење на рибата не смее да биде подолго од 122 см. 37. Секторскиот судија по потреба може да изврши проверка на опремата на натпреварувачот пред влегување на позицијата. 38. Кога натпреварувачот ќе се намести на позицијата, не смее да ја напушта и да комуницира со останатите до завршетокот на колото, со исклучок на потребната комуникација со судиите. 39. Сите стартни позиции се дефинираат пред почетокот на натпреварот и не смее да се менуваат за време на натпреварот. 40. Со доаѓање на стазата, прво се извлекува редослед на извлекување на позиции, па се влечат позиции и сектори. Главниот судија го спроверува ждребот за позиции. 41. Секоја уловена риба се евидентира на стартната листа, а судијата при мерењето треба гласно да го објави уловот, должината и бројот на натпреварувачот за тоа да може да го слушнат и соседните такмичари. 42. Натпреварувачите на себе мора да ги имаат истакнато спортските легитимации, а резервната опрема мора да биде оставена на суво, не смее да се носи во вода. 43. Приговорите се поднесуваат и решаваат согласно правилникот на МРФ за спортски натпревари. 44. Судењето се врши согласно правилникот за судење на спортски натпревари на Македонската Риболовна Федерација. 45. Мерењето на уловените риби се врши со употреба на пластични корита со мерач за должина. Мерењето на рибата го вршат такмичарот и секторскиот судија. Мерењето се врши на обалата, надвор од водата. Доколку рибата му падне на натпреварувачот од кепчето за време на изнесувањето надвор, истата нема да се мери и веднаш треба да се врати во вода. По мерењето, рибата се оживува полека и се враќа во вода. 46. Победник на Куп-от е натпреварувач со најголем збир на освоени поени од трите одржани кола. Понатамошниот пласман се определува од поголемиот кон помалиот збир на поени. Доколку двајца или повеќе натпреварувачи имаат ист број на поени, предност ќе има натпреварувач со поголем број на изловени риби. Во случај и на таква еднаквост предност ќе има натпревар со најголем изловен примерок. Во случај и на таква еднаквост предноста се одредува со жребка. 47. При извлекување жрепка се ставаат тројно повеќе ливчиња од бројот на натпреварувачите кои учествуваат во жребањето. Предност ќе има натпреварувач со најголем извлечен број. Понатамошниот пласман се определува од поголемиот кон помалиот број. 48. Сите натпреварувачи се должни да присуствуваат на доделувањето на наградите на официјалниот дел после натпреварот. 49. За прекршување на овие правила и други прописи за време на натпревар, на натпреварувач може да му се изрече казнена мерка и тоа доделување на жолт или црвен картон. ЖОЛТ КАРТОН 50. Жолт картон на натпреварувач судијата доделува доколку не ги почитува одредбите од членовите од овие Правила за кои не е предвидена мерка доделување на црвен картон а особено за: • влезе на стартното место или монтира прибор пред првиот судиски сигнал; • за непрописна чуварка која мора да ја замени со прописна; • со своето однесување ги попречува останатите натпреварувачи; • зафрлува или лови во неутрална зона или зона на соседни натпреварувачи; • користи непрописен прибор; • уловената риба ја држи надвор од кепче или чуварка; • продолжи да лови по истекот на колото или натпреварот; • ја извади чуварката од вода пред да дојде тимот за мерење; • користи мини радиостаница или мобилен телефон за време на натпревар • користи алкохол; • не ја почитува утврдената саатница. Жолтиот картон доделен на натпреварувачот означува укор и повлекува намалување на вкупниот број на бодови за 10%. ЦРВЕН КАРТОН 51. Црвен картон (дисквалификација) на натпреварувач судијата доделува директно доколку : • на навредлив и груб начин им се обраќа на судиите, делегатот, претставниците на организаторот, домаќинот, останатите учесници на натпреварот или публиката; • лови со природни мамки и било какви други ненаведени мамки; • лови со прибор подолг од пропишаниот; • лови со повеќе мушички од дозволеното; • користи индикатор при риболовот; • користи дополнително отежнување на шнурот или лидерот; • користи лидер или типет во форма на олово и слично; • доколку некоректно се однесува со уловените риби; • употребува недозволена јадица (двокука, трокука); • направи измама со достава на риба од страна или со риба која не е уловена од натпреварувачот за време на натпреварот; • предвремено, без дозвола на судијата, го напушти стартното место (позицијата); • разменува опрема или вештачки мушички со друг натпреварувач за време на натпревар; • во текот на натпреварот или по неговиот завршеток, уловената риба без дозвола на судијата ја врати во вода, и • доколку направи прекршок од точка 49 а веќе има добиено жолт картон. 52. Главниот судија може да го опомени или исклучи секторскиот судија, доколку секторскиот судија дозволува натпреварувачите да ги кршат правилата, им пречи на натпреварувачите или влегува во вода за време на натпреварот. |
АвторCOLON | Филип [Пон Maр 27, 2017 7:48 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Државен мушичарски куп 2017 |
Пријавувањето е во тек. Котизација за куп (во случај на помалку од 12 натпреварувачи) е 1500 денари. Котизација за лига (во случај на 12+ натпреварувачи) е 2000 денари. Сите кои ќе се пријават нека уплатат котизација од 1500, па ако треба за лига т.е. ако има 12+ пријавени, ќе платиме дополнително. Пријавувањето е до 01.05.2017 |
Страна 2 oд 4 | Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2 |
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited https://www.phpbb.com/ |