МАКЕДОНЦИТЕ ПРА ПРА...ДЕДОВЦИ НА МУШИЧКАРЕЊЕТО
Истражувајќи на нет и читајки стручна литература за риболовот со мушичка со цел да дојдам до корените на овој прекрасен начин на риволов мушичкарење,дојдов до интересни сознанија кои ме направија горд што сум македонец мушичар.
Станува збор за еден зпис од еден патеписец
Claudius Aelianus во неговото дело
De Natura Animalium - книга
XVII кој во II век од н.е.поминувал низ тогашна Македонија и запишал еден текст пред речиси 19 века, во кој јасно го опишува лукавиот македонец кој со прачка од лешник и феноменална идеа се надмудрува со пегавата убавица(пастрмката)односно ја опишува првата вештачка мушичка која ја направиле нашите предци античките македонци за кои претпоставувам дека уживале во мушичкарењето како и ние денес.Јас ке ви преведам дел од тоа што го напишал
Claudius Aelianus во неговото дело De Natura Animalium - книга XVII.
.......слушнав и можам да ви раскажам за начинот на риболов во македонија кој е следен:помеѓу Верија(Бер)и Солун тече реката Асерагус,во неа живеат риби со пеги на кожата,но како се викаат најдобро е да ги прашате македонците,тие се хранат со мушички кои летаат околу реката и кои се разликуваат од мушичките што живеат на друго место,тие не личат на оси ниту на бумбари па дури ни на пчели иако имаат особини на споменатите инсекти.Може да се каже дека се големи како бумбари со боја слична на оса и дека брмчат како пчела.Македонците ги викаат
Hippourus.Овие мушички се ројат околу реката и таму ја бараат свијата храна,во таа прилика рибите кои живеат во реката ги приметуваат и им се прикрадуваат тивко и штом ке влезат во нивната сенка ги напаѓаат баш како што волокт ја напаѓа овцата.Иако рибарите знаат за ова,тие не ги користат мушичките како мамец за рибите,бидееки кога чивекот ке ги допре тие го губат природниот изглед крилата им се распаѓаат и рибите не им се доближуваат и не ги напаѓаат,затоа што инстиктите им кажуваат дека таа мушичка е предходно уловена.Но со својата вештина рибарите сепак успеваат да ја надмудрат рибата,тие намотуваат црвена волна на јадицата и на таа волна прицврстуваат два пердува што растат на вратот на петелот под ресата и имаат боја на восок.Стапот за риболов е долг околу 6 стапки а исто толку и конецот.Рибарите го зафрлаат мамецот,а рибата привлечена од бојата доаѓа мислееки дека ке се најаде,широко ја отвара устата и се закачува на јадицата.......
Ова се зборовите на
Claudius Aelianus кој во детали пред 19века го опишал почетокот на мушичарењето кое денес е можеби и најрелаксирачкиот риболов.
Вака изгледала
Hippourus првата направена мушичка во светот која денес ја нарекуваат македонска мушичка(macedonian fly)
За жал денес нас македонците мушичкари не има во мал број,а и пегавите риби се помалце.