Кога бев малечок си имав свој супер херој.После околку 18 години мислев дека сум самиот еден од супер хероите.Но еве како си минуваат годините сваќам дека на секој човек му е потребен Џедај (мудар тутор кој го води својот ученик низ лавиринтите на секојдневните проблеми)
Па така јас за рибарски Џедај го избрав Келтан
Ме плени со својата зрелост,познавање на материјата,свестраност,комуникативност(англиски),да не ги спомнувам брковите
......а највеќе ме воодушеви со неговото рибарско превозно срество СКУТЕР.Додека другите (немудри) рибари објаснуваат дека им требале џипови за по планини,на некој му треба комбе за да може да спие ко човек,некој кола со шипки на кровот за да го носи чамецот......Келтан,како скормен Тибетски мудрец ја посочи веспата како сосема доволно средство за успешен риболов.Така и јас сакајќи да украдам од оваа древна магија тргнав на Кадина река со скутер.
Еве како стигнувам до крајната дестинација
Кадина е убаина.Ретко која река во МК има речен рак.
Само еден миг подоцна сватив дека сум живеел во илузија.Додека ние мислиме дека е тоа недопрен Рај, тоа да ти било дувло на ѓаволи.
На следната слика ќе видите како се опустошува една река.Еве мало објаснување.Додека е мала водата се преградуваат вировите.Откако ќе заврши преградувањето тогаш во вировите се пуштаат средства за зашеметување на рибите(благ раствор на отров) и така зашемутени рибите се задржуваат на браните од камења. "Ѓаволите" си ги собираат исто како да се капинки и си ги полнат торбите.Е сега само да напоменам дека како понеотпорни на хемикалии обавезно умираат и сите ракови во тој вир а исто така и сите мали рипчиња кој се мали за во тавче.Еве како изгледа тоа на терен.
Е сега сватиле дека природата таму е многу богата и се сетиле како да заработат и некој денар повеќе ,затоа што од риба куќа не се гради.
Платиле багер и направиле пат онаму каде што во декември (на мојата последна посета) беше чиста шума.Токму тоа е поентата да се направи пат онаму каде што е шума околу.Сечи дрво и право во камион.
И знаете што највеќе ме тишти
Што можда е наивна оваа репортажа,ама "ѓаволите" во шумата воопшто не се наивни
Бистро на сите (бар додека е возможно да ни се бистри водите,а понатаму ќе смислиме друг поздрав)