Треска-Матка 14 и 15 јануари 2012
АтачментиCOLON
006.JPG
АтачментиCOLON
025.JPG
АтачментиCOLON
007.JPG
Пошто не ја личи работата да се прави репортажа од пастрмки кој се фатени за време на забрана сепак одлучив да ја "отворам" оваа тема со цел да продискутираме за некој работи кој се горчливи.Мислам дека после овие дискуции ке бидеме само посозреани и пореални за она што се случува пред тастатурата а и на вода:
Повод: во саботата одлучив да одам малку на вода,да видам што се случува помеѓу рибарите,да подишам малку воздух,да се релаксирам ....и фатив 3 пастрмки.Што можев да направам?
1 Да си ги однесам дома и слатко да се нагостам и никому да не кажам.
2 Да ги пуштам и никому да не кажам
3 Да ги пуштам и да кажам на форумов
4 Да лажирам дека сум ги пуштил и да кажам на форумов дека сум ги пуштил
Е сега прашањата се следниве:
Дали е забрана?Дали го личи Илија (кој воедно е модератор на мушичарење) да фаќа за време за забрана?Дали ако ги пушташ рибите е доволно за време на забрана?Дали е дозволено да се фака риба на ревир каде не е доделена концесија?Што прокламира овој форум?Кај сме ние во цела оваа кампања како единки и како група?
Еве јас да одговорам на некој од прашањата.
Забраната на пастрмка се однесува од 1.10-1.03 за Треска -Матка
еве од каде:
http://www.ribari.mk/wp-content/uploads ... treska.pdf
Исто така забрането е затоа што нема концесија за истиот ревир.
Другите пругите прашања ќе ги одговараме преку дискусија.
Е сега да пробам да дадам едно мое видување за мојата постапка.
Отидов на Треска и видов рибари кој тотално ја изгубиле надежта дека има иднина за оваа река.Што се случува:некој поставуваат мрежа преку цела река,некој фрлаат сертмиња на местата каде што се мрести пастрмката и ги фаќаат матиците и со тоа прават повеќекратна штета,некој ги фаќаат матиците на трска и тоа е веќе полуоправдано затоа што барем е на трска,некој ги фаќаат на жив мамец,некој на тирол,а има и такви кој одат да си направат кеиф со трска а на крајот од денот ќе купат риба од мрежарите затоа што се далеку поуспешни.
Е сега видете што се случува на терен
Воден од идеата дека рибите што ги фаќам ќе бидат пуштени се одлучив да експериментирам со една техника што е недоволно испробана во Македонија а тоа е мушичкарење со стример.
Јес да знам дека Треска е салмонидна вода и не треба да се правиме многу мутави дека се големи шансите да фатам некоја друга риба, сепак се водев од една идеа дека во правилниците за лов на риба пишува дека е доколку за време на мрест се фати некој примерок,истиот треба да биде вратен во водата.Значи да кажеме дека бркав клен и случајно се фати пастрмка,и истата беше вратена во вода
Сега малку ми е полесно на душата.
Исто така додека бев на Треска имаше неколку рибари кој со од петни жили се трудеа да фатат риба и тогаш ме гледаат јас како факам и......ја пуштам
АтачментиCOLON
016.JPG
АтачментиCOLON
009.JPG
АтачментиCOLON
0112.jpg
Значи убаво е да се мешаме со рибарите и во пракса да го покажеме она што го прокламираме а не само да седиме пред тастатурата и да уперуваме прст.
Она што мене ме интересира е колку од оние што се за заштита на Треска отиоа оваа зима таму за да ја бранат реката од мрежарите? Колку од нив се јавија во полиција за да пријават што се случува таму со мрежарите?Колку од нив се јавија и ги пријавиа риболовците(криволовците) што факаат таму за време на мрест?Колку од нив учествуваат во акциите што се организираа на форумов ?Колку од нив напишаа писмо со протесна нота до Министерството затоа што не ги додели концесиите за 2011 година?Колку пишаа до инспекторатот дека не си ја вршат работата?....
И на крај само да кажам дека ако некој го боли душата за Треска ,тоа сме неколкумина овде што во текот на годината редовно одиме таму и си правиме кеиф.Ако има некој заинтересиран за да се има ред на Треска,концесија,чуварска служба,алфи,лов само со вештачки мамци,дозволена минимална големина......тогаш дигам две раце во вис.
И на крај (а не и неважно) е дека уште не е доделена концесија а и незнам дали има некој навистински заинтересиран да ја доведе во вистински ред,така да допрва ќе се наслушаме СТРАШНИ приказни за Треска
.