Како прво и основно средство за секој вид на риболов ни е потребна --јадица --
дали тоа ке биде риболов на мирна --бела--риба ,или риболов на --грабливка --јадицата е основниот прибор што треба да го има секој од нас , на секој наше излегување на вода добро е да се има поголема колекција од нив за да може со точност да се одбере правата за таа намена односно да се одлучиме за вистинската во зависност за кој вид на риболов и која врста на риба ке ја ловиме истиот ден.
Секако дека јадицата ја има во секоја димензија или мерка или облик ,односно број по кој таа може да се разликува .
Ја има во повеке форми и со точност се знае која од нив за која намена и за кој вид на риболов е наменета.
Народно кажано или во ..жаргон.. меѓу нас рибарите ги нарекуваме со повеке изрази,од кои .
Со краток врат.
со долг врат.
со окце или ..ушка..
со контра или без
жичана
кована
таканаречени двокраки јадици
трокраки јадици
со монтирана пружина или федерче, со цел подобро да го држи мамецот односно тестото или лебчето
назабени во делот на телото ,што има функција самиот мамец да не клизи по јадицата туку да остане на самиот врат од истата.
За нивната употреба си одлучува секој од нас индивидуално ,но имајте на ум дека со точност треба да се одбере правата односно видот и големината во зависност кој вид на риба ке се лови или колкави примероци на риба ке ги очекуваме на нашата ..ЈАДИЦА..
Темава може да биде долга и широка па би поставил некои ..ЈАДИЦИ.. од мојата колекција а понатака ке дискутираме во истата.
Се надевам дека со коментарите на поискусните риболовци ке има што да научат почетниците во ова хоби .
Повелете.