www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Пет Ное 01, 2024 2:04 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12345»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Мрена и начини на ловење
ТемаИспратеноCOLONНед Maр 25, 2012 12:00 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПон Ное 14, 2011 7:45 pm
МислењаCOLON3010
Мрената е една од најзначајните риби во нашите води и ловот на мрена нуди голем предизивик и задоволство. Телото и е вретенесто со нагласени јаки перки. Грбот и е со сиво-маслинеста боја, а кон стомакот е сребренкаста прекриена со густи, ситни крлушки. Устата и е месната и жилава, украсена со два пара мали мустаќи. Може да достигне тежина до 10 килограми, иако таквите примероци се многу ретки. Најчесто се ловат мрени од околу 500 грама до еден килограм, а примероци од 5 кг се сметаат за капитални улови. Може да се лови во текот на целата година, додека есента е ударен термин. Во зима се собираат во јата и мируваат на дното во длабоките и мирните делови од реките. Во лето може да се најдат во брзите и плитки делови на реките, во брзаците и на места каде на дното има крупни камења и помали карпи кои овозможуваат побрзо струење на водата.
Се мрести како кленот, од почетокот на мај до крајот на јуни и во тоа време мрената послабо ја зема понудената храна бидејќи се храни со ларвите кои ќе ги донесе водата, или пак сама ги бара под камењата. Пребирлива е кога станува збор за мамци. Зема леб, глисти, црви, пченка...Не смееме да заборавиме дека мрената е внимателна и паметна риба. Ако не види ќе побегне. Ако и е сомнителен мамецот, или дел од приборот ќе исчезне од нашиот видеокруг. Таа може да се лови на повеќе начини: на тапа, на мамец, на тркалање и на знаменце, а вештите мушичари ја ловат и на нимфи.

Лов на мрена на тапа

Ловот на мрена на тапа не се разликува многу од ловот на останатите риби, освен што мамецот се води по дното да скока, или малку над дното. При водење на тапата, конецот треба да е постојано затегнат за полесно да се контрира и насочи тапата. Додека ја водиме тапата треба да се повлече назад за мамецот да се подига и скока по дното. Мрената ќе ја примами смеса од леб, црви, глисти и пченка. За овој начин на ловење стапот треба да е тенок и чувствителен и не пократок од 3 метри. Конецот може да биде со дебелина од 0.30 мм, а јадицата, кованица од број 6 до број 10.

Лов со длабински систем

При ловење со длабински систем, приборот треба да е посилен и потежок. На крајот на конецот се става поголемо олово за водата да не го поместува. На 25-30 см се поставува една јадица, а на 15-20 см од неа, друга. Од стаповите, најдобри се дводелни, а конецот конецот со дебелина од 0.40 мм, бидејќи често наместо мрена може да се закачи и некој сом. Јадиците би требало да се поголеми и еднокраки, но може и помали трокраки. Од мамците за длабинско незаменливи се глистите.

Лов со вештачки мамци

Ловот на вештачки мамци е посебно задоволство. мамецот не го водиме на класичен начин, туку мора да го сместиме на самото дно. Тоа ќе го постигнеме со лизгачко олово. Оловото го ставаме на основата на конецот. Позади него се врзува вртилица, а позади тоа на 25-30 см мамецот. При фрлањето, мамецот го зафрлуваме попречно во однос на водениот тек. Со постојано затегнат конец пуштаме мамецот да биде носен од водената струја. Кога мамецот ќе дојде низводно од нас, го држиме на место и по неколку секунди, а потоа со врвот на стапот го повлекуваме кон нас. Повлекувањето треба да е бавно. Од вештачките мамци најдобри се воблерите од 2-5 см. Не се лоши ни мали цикади и кашикари, додека блинкерите се покажале како најлоши. За лов на вештачки мамец стапот треба да е долг, чувствителен и лесен, а конецот со дебелина до 0,25мм.

Лов на тркалање

За овој риболов треба на длабинскиот систем да монтираме олово и со карабинера да го прицврстиме јадичникот за да не дојде до насукување на конецот. При ловење постапката е следната: фрлете го системот узводно и кога оловото ќе застане со лесно затегање на конецот кренете го системот се додека водената струја не го однесе низводно. Ова треба се повторува повеќе пати се додека не се пребара целиот терен. Поради тоа што стапот цело време се држи во рака и се следи движењето на конецот, лесно се воочува затегнување кога рибата ќе загриза и кога се контрира.

Лов на знаменце

За лов на знаменце е потребен нешто подолг и полесен стап, со тоа што оршата се монтира на самиот крај на стапот. На крајот од конецот се врзува мало тркалезно олово со тежина од 1.5 - 4 грама, што зависи од брзината и длабочината на водата. На 10-30 см од оловото се врзуваат две јадици, а над јадицата се врзува знаменце, односно парче дречливо обоен волнен конец. Знаменцето има функција да ја покаже насоката и длабочината на движење на мамецот. Системот се води исто како и кај тркалењето.

Мрената е исклучителен борец на јадица поради што рибарите ја сакаат. Фатена на јадица очајнички се труди да се ослободи користејќи ја целата своја енергија и сила, бодејќи со главата по дното. Кога ќе се закачи тешко се откинува, бидејќи устата и е месната. Месото и е вкусно и често може да се најде на трпезите.

[ img ]

Да напомнам тексот не е мој го составив читајки по разни форуми ;)

_________________
Anything in life worth doing is worth overdoing. Moderation is for cowards.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Мрена и начини на ловење
ТемаИспратеноCOLONСре Jул 04, 2012 10:00 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Феб 08, 2011 10:44 pm
МислењаCOLON4404
[ img ]

_________________
https://www.facebook.com/Detektivski-Bezbednosen-Servis-Udjata-1501192640209658/?fref=ts


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Мрена и начини на ловење
ТемаИспратеноCOLONСре Jул 04, 2012 10:08 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Уф, што убави мрени, на Гица тапи :D

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Мрена и начини на ловење
ТемаИспратеноCOLONСре Jул 04, 2012 11:02 am 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Aвг 31, 2011 11:10 pm
МислењаCOLON916
Gica gi ima izreklamirano samo inaku gi pravat decki mnogu mnogu pred Gica
ali ovie modeli se najdobri za mrena

[ img ]

[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Мрена и начини на ловење
ТемаИспратеноCOLONСре Jул 04, 2012 12:12 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONПет Maр 23, 2012 9:31 pm
МислењаCOLON831
ЛокацијаCOLONskopje
stvarno prekrasni primeroci


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Мрена и начини на ловење
ТемаИспратеноCOLONСре Jул 04, 2012 12:56 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Феб 08, 2011 10:44 pm
МислењаCOLON4404
Mnogu pobitno e mestoto kade se uloveni,reka Sava vo hrvatskiot del koj za razlika od srpskiot izobiluva so krupni ribi kako mrena i klen

_________________
https://www.facebook.com/Detektivski-Bezbednosen-Servis-Udjata-1501192640209658/?fref=ts


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Мрена и начини на ловење
ТемаИспратеноCOLONПон Феб 25, 2013 10:13 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Ное 18, 2010 10:28 pm
МислењаCOLON2806
ЛокацијаCOLONskopje
Trkalanje na salama....uf uf uste salami celi creva po riba da nosime... :D ..Uzivajte... ;)


_________________
JA KAKO MAL IMAV MLECNI ZABI A SEGA IMAM 3 ST.CROIX......
DA ZIVEE SPINOT.................................................


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Мрена и начини на ловење
ТемаИспратеноCOLONСре Ное 06, 2013 7:47 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Ное 18, 2010 10:28 pm
МислењаCOLON2806
ЛокацијаCOLONskopje
Eve ja kralicata pod voda od blisku....


_________________
JA KAKO MAL IMAV MLECNI ZABI A SEGA IMAM 3 ST.CROIX......
DA ZIVEE SPINOT.................................................


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Мрена и начини на ловење
ТемаИспратеноCOLONСре Ное 06, 2013 8:15 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПет Maр 04, 2011 10:01 pm
МислењаCOLON2305
Ne mi e jasno zasto ne gi fakjaat. Kako smee da dozvolat da im ostane volkav broj na mreni vo vodata. Treba toa da se desetkuva. :mrgreen:

_________________
Podobro da si sam, otkolku da ne si so site


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Мрена и начини на ловење
ТемаИспратеноCOLONПет Maр 14, 2014 11:34 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONНед Jул 10, 2011 1:06 pm
МислењаCOLON5485
Eve edno ubavo video za mrena....

_________________
[ img ]


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12345»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 6 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum