www.ribar.com.mk
http://ribar.mk/forum/

КАРАС
http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=11&t=1869
Страна 116

АвторCOLON  daniel_manol [Пет Maр 23, 2012 8:27 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  КАРАС

[ img ]__________________________[ img ]
_____________СРЕБРЕН КАРАС(бабушка)______________________________________________ЗЛАТЕН КАРАС_______________
општи информации :arrow: viewtopic.php?f=54&t=2246, видете, ставете слика од вашиот капиталец :arrow: viewtopic.php?f=52&t=2245

Карасот е риба која се храни на дното па и на тој начин се лови. Набитно е да се локализира местото каде се наоѓа јатото, најчесто по ситните меурчина на површината на водата но треба да се има во предвид дека оваа риба рано на утро и во предвечерните сати приоќа поблизу до брегот и храната ја бара близу до растенијата. Така да на водите во кои ги има ваквите растенија нивното движење и престој е најчесто до нив. На ваквите места нај добрите резултати се постигнуваат со зафрлување до самите растенија. А додека во водите во кои нема вакви растенија треба да се бараат што подалеку од брегот што е најчест случај кај големите езера.

- Мамци кои се користат при риболов на карасот: варена пченица, млада или варена пченка, лебна ружа, бели црви, калифорниски црви

- Во нашата земја е една од нај распространетите видови на риба и меѓу риболовците не ужива некој висок афторитет.

модерирано од спиро_јас
сликите и информациите
се превземени од интернет сајтови

АвторCOLON  Илчо [Пет Maр 23, 2012 10:06 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Ajde nesto na KARASOT

Што да кажам на него се учев да фаќам риба али си има и свој мајсторлук за да го фатиш не е баш толку лесно.Имам фатено од мрмолци под 100 грама па се дури до 1.1кг.На разни мамци црвен црв,бел(понекогаш),пченица,пченка,леб на боили загризува ако е поголем некој.Не треба некоја специална опрема за истиот да се фаќа јас со 14ка некогаш дури и 12 конец и 12 јадичка некогаш ако сакам да ги одбегнам поситните ставам покрупна 7ца си го фаќам и си немам апсолутни никакви проблеми од теренот зависи каква трска,а за машинката не е спорно може каква било.Обично мислат дека секогаш јаде али си сака одредени услови за убаво да јаде пример малку ветер небото да не е чисто да има некој облак исто така да не е премногу жешко исто така влијае опаѓањето и зголемувањето на водата.Воглавно не е толку глупа риба колку што мислат времето и се друго на него има под еднакви влијаниа како на другата риба.

АвторCOLON  гоце [Саб Maр 24, 2012 10:20 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Ajde nesto na KARASOT

Карашот може да го фаќаме преку цела година за него со новите уредби нема забрана,на составот Лепенец со Вардар го ловиме на трева летен период,убави парчиња до 500 грама,инаку за месото прва лига,само да не се препржува да може коските да се двојат а во брашното за пржење едно лажиче зачин вегета.Послатка риба немам јадено.

АвторCOLON  spiro_jas [Саб Maр 24, 2012 11:48 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Ajde nesto na KARASOT

Гоце мала исправка златниот карас има трајна забрана по новата риболовна основа
а додека другиот карас сребрениот-бабушка нема

-инаку карасот е интесна риба за риболов и многупати бара танка спрема и тапа со помала грамажа за да можи да се регистрира ударот
-најчест мамец за риболов во пролет е калифорнискиот црв а кога ке почне да се повлекува водата и кога ке фатат жештините се зголемува и неговиот нагон за хранење и тогаш
се лови на пченица,леб,пченка-шекерац,бел црв
-инаку нема некое месо со добар квалитет што вика Столе повке е на скелет и коска единствено кај карасот е тоа што скоро преку цела година има икра во него па излегуваат доста фкусни ќофтина ;)

АвторCOLON  гоце [Саб Maр 24, 2012 2:20 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Ajde nesto na KARASOT

Во право си колега,ние го викаме караш, сребрениот караш а жолтиот караш го викаме златен кој многу ретко може да се улови. Инаку за месото нема муабет секој со различен вкус,за мене е прва класа посебно на црна пред влив во Тиквешко каде се подебели во грбовите.

АвторCOLON  Lepi [Саб Maр 24, 2012 4:24 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Ajde nesto na KARASOT

Како и да коментираме, Карас од над 1 кг да ти удрит богами не е шала и ќе ти го развеселит денот ;)

АвторCOLON  Млад Риболовец [Саб Maр 24, 2012 4:31 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Ajde nesto na KARASOT

Караш,
20 гр клизно олово,1 јадица доле,една горе,мамец црвен црв,пченка мелена малку залепи на олово и фрлај секои 2 минути удар

АвторCOLON  vladimir [Чет Aпр 26, 2012 8:37 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Ajde nesto na KARASOT

Кај нас во Битола некој луѓе го ловат и со 5гр тапа ......кога ќе легне тапата знаеш дека е твој........по мое лајно риба (сребрен караш).......додуша горе долу само тој и остана во количини кои ги задоволуваат сите

АвторCOLON  limun75 [Пет Aпр 27, 2012 7:54 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Ajde nesto na KARASOT

Голем мерак прави на трска,а и за мезе е одличен ;) Посебно дојранскиот.

АвторCOLON  Sportex [Саб Aпр 28, 2012 3:50 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Ajde nesto na KARASOT

Taka e Lepi!

Страна 116 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/