Aha, jasno. I uste edna dilema imam okolu tapive, znam deka ima razni tapi so razlicna tezina, 1 gram, 2 grama itn... za sto sluzi tezinata? Na pr. svativ deka sto e poteska tapata mozes povekje olovo da i stavis i so samoto toa podaleku za frlas, ali za sto drugo igra uloga goleminata? Na pr. dali polesni tapi se koristat ako sakas da fakjas po mali ribi bidejki se po osetlivi, ili obratno.... itn....?
Ако фаќаш на поголема дубина потешката тапа (таа што носи повеќе олово) е подобра затоа што оловото добро го истегнува конецот од тапата до јадицата а добро оптегнат конец значи дека кога рибата ќе ти чепка доле побрзо ќе осеќаш горе на тапата. Пр.за езеро... Не е многу паметно да фаќаш со 1 гр тапа на 5 метри длабочина, но добро е да фаќаш со 3-ка, 4-ка, 5-ка. Ова со оловото е уште побитно за речен риболов затоа што таму повеќе струи водата и ако сакаш мамецот да ти се движи околу дното ќе треба да го спуштиш со поголемо олово, т.е да фаќаш со тапа со поголемо олово. Затоа на река чести се примерите каде луѓе и на 3 метри длабина фаќаат со 6 грама тапа.