www.ribar.com.mk
http://ribar.mk/forum/

Годишно Собрание на РИБАР 2011 - 2019 година
http://ribar.mk/forum/viewtopic.php?f=109&t=7187
Страна 11

АвторCOLON  УО на РИБАР 2011 [Сре Maј 15, 2019 8:40 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Годишно Собрание на РИБАР 2011 - 2019 година

Почитувани колеги,

Ги покануваме сите членови на ЗРСРК РИБАР 2011 да присуствуваат на годишното Собрание на РИБАР 2011.

Датум, време и локација: 19.05.2019, 12:00 часот, сала за состаноци на Општина Центар

Дневен ред:

1. Презентација на сите активности на РИБАР 2011 во 2018 година
2. Отчет пред членството во поглед на финансии, собрани и потрошени срдства
3. Планови за 2019 година (порибувања, акции, кампањи, концесија)
4. Разно

Со почит,

ЗРСРК РИБАР 2011

АвторCOLON  saso [Сре Maј 15, 2019 10:56 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Годишно Собрание на РИБАР 2011 - 2019 година

Ubavo bi bilo da se dojde i prisustvuva vo sto pogolem broj.
Ke se slusne kako sme rabotele vo 2018 gosina i kako rabotime ovaa godina, koj ni se planovite i sto se uste planirame da ostvarime godinava, kakvi se finansiskite rezultati ...
Ubavo bi bilo da se dadat idei, da se kaze koj se problemite na teren, eventualni moznosti za poaktivno vklucuvanje vo aktivnostite na Ribar 2011...

SE GLEDAME

АвторCOLON  kireelektron [Сре Maј 15, 2019 10:37 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Годишно Собрание на РИБАР 2011 - 2019 година

Ke ima liovde prezentacija od odlukite.

АвторCOLON  Филип [Чет Maј 16, 2019 7:53 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Годишно Собрание на РИБАР 2011 - 2019 година

Секако дека ќе има. Секогаш има

АвторCOLON  Филип [Пон Maј 20, 2019 11:37 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Годишно Собрание на РИБАР 2011 - 2019 година

Вчера се одржа редовното годишно Собрание на Рибар 2011, во салата за состаноци на општина Центар.

Сашо, како претседател на здружението, го отвори и го водеше собранието. Се даде комплетен отчет за 2018 година, почнувајќи од концесијата, сите активности околу неа, продажба на дозволи, собрани средства, порибувања, вработен рибочувар, ангажирана агенција за обезбедување, сите потребни работи и материјали, канцеларија и човек, волонтери, постигнати резултати итн.

Рибар 2011 има редовно вработен лиценциран рибочувар, лице во канцеларија кое се плаќа на сметка со договор, ангажирана агенција за обезбедување со чии обезбедувачи и возила се вршат контроли на терен, како и хонорарни ангажирани дополнителни рибочувари на одредени делови од ревирот.
Во 2018 се извршени две официјални порибувања, 100 кг крап на Вардар и 100 кг пастрмка на Треска. Дополнително е порибена реката Лепенец со околу 400 кг бела риба, извадена од езерцето во Градски парк во Скопје.
Продадени се над 700 годишни дозволи, издаден е прирачник, поставени се информативни табли по ревирот, комуникацијата е на високо ниво со риболовците, преку телефон и социјалните мрежи, собираме доста информации, дојави итн.
Запленети се мрежи на Вардар, на Лепенец, на Треска. Поднесени се пријави за криволов и за риболов во мрест за повеќе лица, истите се процесуирани од инспекторатот и казните се испорачани и платени од сторителите.

На крајот од излагањето за 2018, претседателот го образложи финансовиот извештај за 2018, со напомена дека во 2018 не е потрошен ниту еден денар за гориво, дневници, кафани и слични ставки. По излагањето, извештајот беше ставен на гласање и едногласно изгласан.

Во 2019 година веднаш започнавме со издавање на дозволи, како ретко која година во минатото, благодарение на нашето залагање преку федерацијата сите концесионери да ги завршат своите обврски навремено.
Продажбата на дозволи до сега оди релативно добро, ќе биде подобро во наредниот период.
Веќе извршивме едно порибување со 100 кг крап на Стрежево, со оглед на фактот дека имаме повеќе од 400 членови од битолскиот регион, па редно беше нешто да направиме и за наите членови од таму.
Се изврши и порибување на реките Вардар и Лепенец со речиси 2 тона бела риба, извадена (спасена) од езерцата во Градски парк во Скопје.
На есен, во соработка со Град Скопје, се планираат поголеми порибувања на Вардар 3 - Скопски од предвидените, за што ќе бидете дополнително известени.
Контролите се редовни на терен, веќе имаме запленето мрежи, спремаме пријави за познати сторители.
Соработката со државниот инспекторат е одлична, се прават заеднички акции кои вродуваат со плод.

Догодина Рибар ќе излезе со малку поголема поддршка за натпреварувачите, пред се на финансиски план. Сите тоа ќе биде уредено со правилник и утврдени критериуми кој може да ги користи тие финансии, за да се избегне зачленување од финансиски интерес во здружението.

Наскоро ќе се организира крапска дружба, организатори се Тафта, Милчо и Стефан. Деталите ќе следуваат многу брзо.

Летово е во план да се организираат и спин и мушичарска дружба на реката Треска.

Констатирани беа оставките на два члена на УО, Диме Спасев и Крсте Крстевски, кои се повлекоа од лични причини.
Дополнително од УО беше разрешен Игор Ѓорѓиев, пред се поради зафатеност и неактивност.

На испразнетите места беа изгласани новите членови Милчо Иванов, Стефан Навковски и Филип Мишевски.

Под точка разно се разговараше за повеќе работи, за зголемување на обемот на контролите на ревирот, за нови натпреварувачи во дисциплината крап, за финансиска стимулација на волонтерите кои одат на терен на контрола со рибочуварите, за зголемена активност на социјалните мрежи и промоција на Рибар 2011.

По исцрпување на дневниот ред и дискусиите, седницата се затвори.

[ img ]

[ img ]

[ img ]

АвторCOLON  kireelektron [Вто Maј 21, 2019 8:18 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Годишно Собрание на РИБАР 2011 - 2019 година

Sekoja cest na izlaganeto. Opsirno i precizno

Страна 11 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/