Прилепското езеро е едно од постарите езера во Македонија, изградено е во 1969 година за наводнување на тутунот во Прилеп. Највкусната риба од речиси цела Македонија ја има на тоа езеро. Низ годините се имаат одржувано натпревари, купови, такмичења и сл, и езерото важи за место каде само големите мајстори знаат да ловат. На езерото последното порибување било господ знае кога, но сепак има многу риби. Од риби има црвеноперка, премногу костреж, крап, карас, штука, плашица, сом и др. Годинашниот мрест беше еден од најуспешните и врие мали рипчиња покрај брегот.
Имаше и некои вакви "планови" од локална самоуправа
https://faktor.mk/moderna-vikend-naselb ... chko-ezero.
Е сега, езерото е без концесија и започната е да се испушта водата поради поправка на некој вентил во браната. За рибите никој не му е гајле. Се мрежари на големо, а водата е веќе многу падната. Доколку се испушти водата, рибите одат курбан и на езерото ќе му требаат барем 15 години за да се опорави со рибниот фонд. Начини за зачувување на рибата има, но никој не се замара.
Ако некој знае каде да се обратиме, институција или нешто такво, нека каже ...
Крајот на краиштата, барем да организираме порибување после полнењето, што би требало да биде готово до лето 2019.